Сайтът е разгледан 45 812 235 пъти

Потребителско име:

Парола:




Елате в .: BGtop.net :. Топ класацията на българските сайтове и гласувайте за този сайт!!!

Форум

Последни постове:

В момента форумът е посетен от 32 потребителя, от които 0 регистриран/и () и 32 гост/и
Общ форум - свят
2-та Световна в периода 1941-1942
от danchobg
Траки, славяни, прабългари...
Re:Вече 100% е известен нашия произход
от sim4o
Общ форум - алтернативна история
Re:100 ПРИЧИНИ ДА СЕ СРАМУВАМ,ЧЕ СЪМ БЪЛГАРИН
от sim4o
Политика и анализи
Re:БЪЛГАРИЯ ДНЕС!
от sim4o
Общ форум - археология
Re:За Апостола
от sim4o

Още



свали реферати и дипломни работи

Най-нови статии

Dominus Michael princeps Bulgarius

Dominus Michael princeps Bulgarius

Съобщeния за Михаил – Борис I.
(bozman)

І манипулация


От съч. на А. Библиотекар: Още...

Философия на ментето-исторически основания

Философия на ментето – исторически основания
© Стефан Чурешки
В простонародния език, задържан от идеята за народно...
Още...

Кан(Княз) Борис -1 и неговите въпроси към римския папа Николай-1

 

Оказа се, че е наложително , да се обърне внимание и на този въпрос - отново  малко известен от историята на българите. Още...

Морален ли е въпросът с досиетата на религиозните дейци у нас?

Само морален ли е въпросът с досиетата на религиозните дейци у нас?
©Стефан Чурешки
Не искам да влизам в калта на...
Още...

За сложната и трагична история на древнобългарските летописи

 

Може би тази публикация трябваше да излезе преди първата тема от цикъла "Малко известната история на българите", тук в...
Още...

Календар за 08 февруари

Неофициално българска делегация е в Москва

Делегация начело с Георги Димитров заминава на неофициално посещение в Москва....
Още...

От галерията...

Тракийските племена

Тракийските племена преди идването на римляните
Илинден

Илинденското въстание.
Александър Людсканов

3. 3. 1854 г. - 4. 3. 1922 г.министър в 6 правителства

Анкета

Какво е отношението Ви към БПЦ след отварянето на досиетата?

- Отрицателно, не вярвам в тази институция
- Отрицателно, необходима е смяната на висшия клир
- Отдавам агентурното минало на репресия и страх
- Склонен съм да простя грешките им ако се покаят
- Положително, БПЦ е институция, без която не можем
- Не мога да преценя



Ако не жеалете да гласувате, а просто искате да видите резултатите от анкетата и по-стари анкети, натиснете тук.

АНКЕТА: Какво е отношението Ви към БПЦ след отварянето на досиетата? (122 гласа)

Начало-> България-> Нова България-> Дейци за нашето Освобождение

Борис Сарафов

Снимката е видяна 2099 пъти
Борис Сарафов

12. 7. 1872 г. - 28. 11. 1907 г.



Коментари:


vladomkd каза:
МАЈСКИ МАНИФЕСТ До македонскиот народ, до организираното револуционерно население во Македонија и до македонскпте револуционери Браќа Македонци! Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море, со едно пространство од 65.000 кв. километра, пресечена од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарена со најразнообразни природни богатства и благопријатни климатски услови; со своето 2.302.000 население, рознооброзно по својот етнографски состав, со својата централна економска и стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Дунав, Егејското и Јадранското Море - ги има сите услови и права за самостојно палитичко постоење, како независна држава што се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, политкчка и економска алка меѓу народите и државите на Балканското Полуострово. Вековните борби на македонското население против господството над неговата територија од страна на едно племе и тиранијата спроведувана спрема другите племиња што ја населуваат Македанија; отпорот што го покажа тоа спрема денационализаторската политика на државите што ја владееле Македонија или граничиле со неа; учеството на македонското население во сите востанија и револуционерни движења; содејството што беспрекидно, во сите војни на Балканите, им го даваше на земјите што се јавуваа да се борат во имета на ослобадувањето и самоопределувањето на балканските народи, - е најочигледниот доказ за правата и свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политичка единица на Балканите. Тргнувајќи и опирајќи се на таа свест, Внатрешната македонска револуционерна организација, ВМРО, во текот на цели десет летија, води најрешителна револуционерна борба за ослободувањето на Македонија. Таа борба, во зовисност од соодносот на факторите во меѓународната и балканската политика и етнографскиот состав во организацијата што преовладува, поставуваше различни тактички задачи и се ползуваше со различни средства. Долго време македонскиот народ, верувајќи во ослободителните стремежи на великите европски сили и малнте балкански држави спрема Македонија, ги беше насочил своите погледи кон нив и го очекуваше своето ослободување преку нивна интервенција. Сообразно со тоа, ВМРО ја беше насочила целата своја дејност да го издигне гласот на страдалниот македонски роб до ушите на идните свои ослободители, да го привлече нивното внимание, да го предизвика нивното мешање, да го исползува натпреварувањето на нивната палитика и по тој начин да ја истргне слободата на Македонија. Примерот со создавањето на слободна Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше привлечен и охрабрувачки. Сообразно со таа тактичка задача на македонската револуционерна борба беа и нејзините средства, во прв ред единичните и делумните удари, било против владетелската власт, било против туѓите интереси врзани со Македонија. Дури ни Илинденското востание, најголемото и најмасовното движење, не можеше да смета дека само ќе извојува слобода на Македонија, туку илаше цел да му го наложи на општоевропското јавно миелење и на меѓународната дипломација резрешувањето на македонското прашање. За една вистинска револуционерна акција во голем масовен македонски или балкански размер, којашто би сметала само на себе за извојувањето на македонската слобода ни збор не можеше да стане. Резултатите од европската интервенција по Илинденското востание, изразени во лицемерните реформи, насочени повеќе да го заздрават и закрепнат турското владеење над Македонија, отколку да ја родат нејзината слобода го разочараа македонскиот народ. Тоа разочарување ја засили струјата во редовите на ВМРО којашто, сметајќи на ослободителната мисија на младите балкански држави, ги насочуваше своите усилби да предизвика нивна воена интервенција. Балканската војна, која заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 г., а по неа и општоевропската војна, со нејзините Париски договори кои го раскинаа живото тело на Македонија и го поделија меѓу балканските држави што ја окружуваа, дефинитивно ја убија верата на македонскиот народ во ослободителната мисија на интервенционистичката политика на големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот (1878 г.), Букурешкиот (1913 г.) и Париските мировни договори од 1919 г. го убедија и најпоследниот неверен Тома, дека како големите, така и малите европски држави спроведуваат своја егоистичка политика, поради што слободата и постоењето на Македонија може да биде само монета за поткусуравање. Од тоа произлегува дека од тие држави, додека се раководени од влади кои ја подржуваат завојувачката и империјалистичката политика на тие догавори, или, со други зборови, додека кај нив не се установат влади што ќе ја базираат својата надворешна и внатрешна политика врз вистинското самоопределување на народите, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа за својата слобода. Проценувајќи го основно тој историски опит, ВМРО доаѓа до цврстиот и конечен заклучок дека во својата револуционерна борба за слободата на Македонија, таа може да смета само на крајно прогресивно-револуцнонерните движења во Европа, кои се борат против империјалистичката политика на своите влади, против постојните мировни договори и за вистинско самоопределување на своите и туѓи народи. Ете зошти ВМРО изјавува дека во интерес на македонската слобода ќе ја даде сета своја поткрепа само на оние што на балканска почва се борат против завојувачката политика на европскиот империјализам, спроведувана било директно било преку владите на балканските држави. Но, владите на балканските држави не се јавуваат само како орудија на европскиот империјализам; тие спроведуваат и своја сопствена националистичка, завојуаачка политика. Благодарејќи на таа општоевропска империјалистичка и општобалканска националистичка завојувачка политика, Македанија, истоштена од петвековното ропство, разурната од три војни, денес одново е поробена и разделена помеѓу трите балкакски држави: Србнја, Грција и Бугарија. Ниедна од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето па раскинатите делови на Македонија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица; ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите кои им го осигуруваат културниот развиток како национални малцинства. Поради тоа, ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска за слободното и самостојно палитичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средстаа на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ. За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внатрешната и надворешната политика на балканските држави и особено на Србија, Грција и Бугарија кои владеат цели делови од територијата и населението на Македонија. По однос на Грција ВМРО ќе се бори против секој обид за враќање на монархијата - најјаркиот израз на ултраимперијалистичката грчка политика - и против секоја грчка влада која ја подржува денешната делба на Македонија, го денационализира населението во грчка Македонија и насилно го изменува неговиот етнографски состав, протерувајќи го домородечкото население и заменувајќи го со грчки преселеници од Мала Азија и Тракија. По однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори против сите, без разлика на партија, белградски влади, кои ја крепат денешната српска политика на насилнички централизам, денационализација и угнетување не само на македонскиот народ, туку и на народите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Војводина, Словенија и Далмација; уште повеќе затоа што таа политика, поткрепена од некои европски држави, е насочена кон нови заграбувања на туѓи територии за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните национални борби во Југославија таа решително застанува на страната на сите угнетени народности, што ќе се борат против белградските влади - за демократска децентрализација и федеративна реорганизација на Југославија. По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека и покрај сите жртви, што бугарскиот народ ги давал и е готов да ги даде за слободата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ, води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една политика јавно србофилска, која не само шта ја овековечува делбата на Македонија туку подготвува нови територијални прекројувања на Балканите за сметка на Македонија. ВМРО ги предупредува народите на Македонија, Југославија, Грција и Тракија, дека белградската влада, опрена на своите договори со некои европски држави за делбата на Хрватска, Албанија и Грција, се гатви да ја рашири својота завојувачка политика накај Солун, терајќи ја софиската влада кон Кавала, заплашувајќи ја, дека во противен случај ќе ги окупира бугарските градови Перник и Ќустендил. И владата на Цанков, е изгледа, соблазнета од тие империјалистички перспективи, потшепнувани од белградските сирени. Таа се зафатила да ја уништи Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и македонското револуционерно движење, кои се јавуваат како најсериозна пречка за остварувањето на тие престапни намери. Додека белградската влада ја подготвува и раздувува граѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафатила со уништувањето на ВМРО. Затворањето на неколку статини Македонци во Бугарија, осомничени за учество или соучество во македонското ослободително движење; забранувањето на сите легални печатни органи на македонската емиграција во Бугарија, кои го заштитуваат ослабодителното дело на Македонија; готовноста на софиската влада да посегне и по највидните дејци на македонското ослободително движење за да ги затвори и предаде на Србија, очевидно како искупителна жртва на новиот курс на српската и бугарската завојувачка политика, се најпоследните и јарки дакази за престапната политика на софиската влада. ВМРО го знае изворот на таа српска и бугарска политика. Слабоста на белградската влада внатре во земјата ја тера да ги жртвува интересите на хрватскиот народ во полза на Италија - Ријека и Јадранското приморје - и да бара компензација за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. А внатрешната слабост на софиската влада ја прави неспособна да им се противстави на белградските заплашувања и пред опасноста од окупирањето на Перник и Ќустендил од Србите таа е готова да оди на доброволно саработување со српската експанзионистичка политика накај Солун, надевајќи се дека самата ќе биде компензирана накај Кавала. На таков начин се жртвуваат не само интересите на Македонија и Тракија, туку во исто време се засегаат и интересите на Бугарија, Југославија и сите балкански народи. Основната причина за слабоста на софиската влада е нејзината изолираност, откинатост од народните маси и непријателството од овие последниве кон неа. Борејќи се по секоја цена за запазување на власта во свои раце и не наоѓајќи никаква подршка во народот за да се противстави на српската завојувачка политика, таа се мачи, во соработка са неа, да ги отклони опасностите што висат над Бугарија, подбуцнувајќи ја последната кон нова авантура, само и само да спечали некој привремен успех со кој би ја зајакнала својата разнишана положба внатре во земјата. За таа цел таа ги жртвува како интересите на македонскиот така и интересите на бугарскиот народ. Таа е принудена да управува во внатрешната политика со терор, суспендирање на сите уставни гаранции; таа е принудена да ја суспендира слободата на говорот, печатот, соборите и здруженијата, да растура цели задружни организации и политички партии; таа е принудена дури да откажува прибежиште за палитичките бегалци на Македонија. При таквата положба ВМРО изјавува дека политиката на владата на Цанков е непријателска спрема македонскиот и бугарскиот народ и апелира кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа. Тие треба да и дадат своја поткрепа само на една таква влада во Бугарија која, опирајќи се врз широките трудбенички маси од градот и селото, не ќе има нужда од терор и исклучителни закони за своето управување, не ќе прибегнува кон суспендирање на суштествените гаранции за една вистински народна и демократска власт и која, опирајќи се врз довербата на масите на слободољубивиот, демократски и нешовинистички бугарски народ, ќе може да му ги даде неопходните средства за борба против завојувачката политика на соседните држави, без да се плаши дека тие средства ќе бидат свртени против неа. Само во установувањето на една таква влада во Бугарија, ВМРО гледа гаранцнја и за понатамошниот успешен развој на својата револуционерна борба за слободата и независноста на Македонија и за политичката независност на сите балкански народи. Зацртувајќи го во општи линии својот однос кон државните фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерната борба: 1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници; 2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкански држави и нивното сојузување во една балканска федерација, која единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи; да ги задоволи економските и културните интереси на сите балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и империјалистичките стремежи на големите европски држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на сите етнички малцинства. ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македонија и Балканската федерација смета, пред сe, на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на трудбеничките маси во другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ослободителна револуционерна борба зависи од меѓународната положба, ВМРО смета пред сe, на моралната и материјалната поткрепа од прогресивно-револуционерните движења во европските држави, кои се борат против империјалистичката политика на нивните влади, против создадените империјалистички мировни договори и за полното и вистинско самоопределување на народите. На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската федерација преку интервенцијата на балканските шовинистички и европски империјалистички влади. Таа изјавува дека само оние држави и влади можат да претендираат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на балканските народи, кои со својата сопствена политика даваат даволно докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за слободно самоопределување на народите. Сите други се непријатели на македонската слобода и против нивната политика на Балканот, ВМРО ќе води најрешителна борба. ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противречја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предизвикаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балканска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуционерна борба за ослободување и самоопределување на народите е неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите држави. ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која Балканот ја одигра во избувнувањето на општоевропската војна од 1914-1918 г. Таа им обрнува внимание на сите Македонци и балкански револуционери дека и во идните борби кои бргу се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и порешителна улога, доволно е само револуционерните усилби на сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети под знамето на македонската слобода и независност, под знамето на својата сопствена слобода и независност и најпосле под знамето на Балканската федерација. И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за брзото формирање на еден единствен македонски револуционерен фронт, кој ќе послужи за образувањето на единетвен балкански револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите и туѓи народи. За да ги даде сите докази дека ја управува својата дејност по тој пат, ВМРО изјавува најсвечано дека ги прекратува сите потери и ги укинува снте екзекутивни мерки и наредби протнв одделните македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на Балканската федерација. Со тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за создавањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во скоро време на еден обединителен конгрес на целото македонско револуционерно движење, на кој преку усилбите на сите искрени македонски револуционери, ќе се создаде единствениот македонски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот балкански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прогресивнореволуционерни движења на Балканите и во Европа, ќе ја извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на Балканот - за да го потпомогне востановувањето на мирот во цела Европа. Сите напред во редовите на револуционерната македонска борба! Да живее единствениот македонски револуционерен фронт! Да живее единствениот балкански револуционерен фронт!. Да живее обединета и независна Македонија! Да живее Балканска федерација! Виена, 15 мај 1924 г. За ВМРО Централен комитет А. Протогеров П. Чаулев За Т. Александров и по негово полномоштие потпишале: П. Чаулев А. Протогеров

e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



vladomkd каза:
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ По завршувањето на окружните конгреси, на кои биле заземени ставови за поважните прашања што биле од значење за целата Организација, биле создадени услови за одржување на Општ конгрес на ВМРО. Сите револуционерни окрузи имале единствен став дека треба да се одржи таков конгрес. Кон крајот на септември 1905 година во Софија се одржало Советување на делегатите што биле избрани од окружните конгреси за Општиот конгрес, за да се договорат во кое време и на кое место истиот ќе биде одржан. Делегатите од Серскиот револуционерен округ со Јане Сандански на чело предлагале Општиот конгрес да се одржи во Македонија за на тој начин да се потенцира самостојноста и независноста на Организацијата. Сите останати настојуваа конгресот да се одржи зад границата, дотолку повеќе, што речиси сите делегати беа веќе во Софија и враќањето во внатрешноста беше непрактично и сврзано со губење на време. Ѓорче Петров, Борис Сарафов и други беа најрешително против барањето на серчани. Мнозинството на делегатите зазеле став Општиот конгрес на ВМРО да се одржи на безбедна територија, крај самата граница, во Рилскиот манастир, за да може истиот непречено да работи. Согласно донесеното решение на Советувањето, Општиот конгрес на ВМРО започнал со работа во почетокот на октомври 1905 година и траел цел месец. На овој конгрес, одржан во Рилскиот манастир, учествувале 22 делегат и тие беа: Даме Груев, Мише Развигоров и д-р П.Кушев од Скопскиот округ, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Борис Сарафов, Георги П.Христов и Павел Христов од Битолскиот округ, Борис Мончев, Аргир Манасиев и Добри Даскалов од Солунскиот округ, Христо Чернопеев, Стојо Хаџиев, Иван Илиев и Мануш Георгиев од Струмичкиот округ, Јане Сандански, Лазар Томов и Илија Балтов од Серскиот округ, Лазар Маџаров, Стамо Икономов, Климент Шапкарев и П.Васков (не дошол) од Одринскиот. За претседател на Конгресот со тајно гласање бил избран Дамјан Груев, а за секретар Ар.Манасиев. На дневен ред на Конгресот биле поставени следните прашања: 1. Извештај за дејноста на ВМРО по револуционерни окрузи и околии; 2. Натамошна дејност на Организацијата; 3. Организациона поставеност и уредување на Организацијата: а) Административен дел, б) Судски дел, в) Финансиски дел, г) Културно-економски дел. 4. Литература и печат; 5. Однос и поведение на Организацијата спрема разните групи и струи: а) Спрема сите пропаганди, б) Спрема бугарскиот државен национализам и Егзархијата, в) Спрема врховистите, емиграцијата и општеството во Бугарија, г) Спрема одделните организациони групи внатре и надвор. 6. Тактика на Организацијата; 7. Отчет за дејноста на Централниот Комитет и Задграничното претставништво. На Рилскиот конгрес дошла до израз поларизацијата на силите во Организацијата, особено по основното прашање за организациона поставеност и воспоставување на организационо единство. Даме Груев се застапувал за обновување на централизираната организациона структура, а Пере Тошев за децентрализација и примена на принципот на изборност. Делегатите на Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ биле порадикални: барале федералистичко уредување на ВМРО и потполна автономност на револуционерните окрузи. По повеќедневни полемички расправи, како средна линија било прифатено стојалиштето на Пере Тошев. Тоа било вградено во усвоената од Конгресот Програмска декларација и во основните акти: Уставот и Правилникот на ВМРО. Потоа, Конгресот избрал нов Централен комитет во кој, со изборот на Даме Груев, Пере Тошев и Тодор Поп Антов (од Серскиот револуционерен округ), биле застапени трите револуционерни струи, Задгранично претставништво – од Ѓорче Петров, Димитар Стефанов и Петар Поп Арсов. За редактор на официјалниот орган на ВМРО „Револуционерен лист“ бил избран Димо Хаџи Димов, со усвојување на Уставот и Правилникот и по изборот на Централен комитет, било обновено организационото единство на Организацијата. По извршените измени, Конгресот донел решение Организацијата повеќе да не се именува со зборот тајна, туку да се вика Внатрешна Македонско – Одринска Револуционерна организација (ВМОРО). Конгресот ги осудил експанзионистичките планови на балканските држави, кои со продолжително и систематско пропагандно дејствување, како и со засилени терористички акции на уфрлени вооружени пропагандни чети што го тероризирале македонското население и имале за цел да ја спречат автономијата на Македонија. Поради тоа ВМРО донела решение со сите сили и средства да се пресметува со пропагандите на балканските држави. За одбрана на суверенитетот на организационата територија бил заземен став дека повеќе не можело и не смеело да се толерираат дејста на надворешните организации. Конгресот издал посебно соопштение со кое остро го предупредувал Врховниот комитет во Софија дека ВМРО нема да го толерира неговото дејствување во Македонија; неговите групи и активности ќе ги прогонува „по секоја цена“, а водачите ќе го казнува како „злосторници спрема Татковината“. Од Врховниот комитет се барало веднаш да ја прекине активноста и „доброволно да се растури“, за да може Организацијата „сето свое внимание и сите свои сили да ги сврти против непријателот на нашата Татковина и нашата кауза“. Рилскиот конгрес извршил крупни измени во внатрешното уредување на Организацијата, засновани врз принципот на децентрализација. Окружните комитети имале право, под одредени услови, да ги отповикаат членовите на Централниот комитет и пред истекот на мандатот. Што значи, тежиштето на револуционерната дејност се пренесувало во револуционерни окрузи. Решенијата и донесените акти на Општиот – Рилски конгрес на ВМРО (Уставот и Правилникот) ги одразувале погледите и стојалиштата на водечките личности на револуционерните струи во Организацијата. Притоа, не било реално согледана и проценета меѓународната позиција и не било преземено ништо за сообразување со новата реалност создадена со реформите на силите во Македонија. За тоа било потребна политичка зрелост и дипломатска мудрост, која, очигледно, недостасувала

e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



Българите и световната цивилизация
Валовете в Добруджа и Бесарабия и прабългарската теория
Тест по българска история за любителя на историческо четиво
Именник на българските князе
День Победы.
Реч на Й.В.Сталин от 9 май 1945 година
Dominus Michael princeps Bulgarius
Кан(Княз) Борис -1 и неговите въпроси към римския папа Николай-1
За сложната и трагична история на древнобългарските летописи
За алкохола, археологията, истината и политиката на Държавата
За героизма и културата в България в конотациите на святотообщонародно българско дело от философията на историята
За логиката на финансиране в България през модерността или “Мистика и ритуал” ООД
Храбростта на българската войска от гледището на автентичната българска народопсихология
Смисълът на тържественното провъзгласяване на България за независимо Царство на 22 септември 1908 г.
Президентът - монарх
За някои измерения на понятието “събитийност” в автентичната българска история
Антибългаризмът като лично-обществена кауза в Рудозем
За религиозната и културната приемственост в българската история
Философия на ментето-исторически основания
МЫ - БУЛГАРЫ /статията е изцяло на руски и е публикувана така за автентичност/
Някои възможни предпостваки за разбирането на българската история
Атентатът в Марсилия
Фалшификациите в българската история и техния смисъл - 2
Фалшификациите в българската история и техния смисъл
Гласът на Юрий Левитан бе едно от оръжията на Победата
„Скачачът Джо” - герой на две нации
Методий или "първенството на втория"
Михаил Псел, един всестранно надарен учен и многолик държавник от ХI в.
Ванче Михайлов - терористът бюрократ
Непознатият Буров
Какви са и кои са Коледата и Рождеството...?!
Капанска народна песен
Чудото на човешката личност
- Какъв е смисъла на шаманистиката и ползата от нея
Вместо увод в шаманистиката
Историко-Етнографски сведения за капанците
Добавките за българската история към превода на Манасиевата хроника
Сенките от миналото - втора част
Бойните действия на Предния отряд при Нова Загора през м. юли 1877 г. - важна предпоставка за успешната отбрана на Шипка
Херодот: За предимствата на Монархията
Първо стълкновение на българите(булгарите) с монголите на Чингиз-хана
Траките - познати и непознати /1 част/
Първата българска картечница
Как Хуго Шмайзер създаде АК-47(Калашников) за Сталин
Ах, тези луди, луди войни!...
Дамаската стомана и нанотехнологиите
Странната история на линкора Тирпиц
Лозенградската операция
Волжка България през 15 - 16 век
История на Волжка България(10 век) - 3 част
История на Волжка България(10 век) - 2 част
История на Волжка България(10 век) - 1 част
Въстанието на Петър Делян
БЪЛГАРСКИ НАДПИС НА 6500 ГОДИНИ .
Морален ли е въпросът с досиетата на религиозните дейци у нас?
Интересен факт
Народът на вълка
Борба на Булгария с монголо-татарските нашествия и натиска на източно-руските феодалие
ТРАКИ, ИРАНЦИ И БЪЛГАРИ –I
Освободителната война е комедия от грешки
Страх и автобуси, влакове и самолети
Джебел на припек, Припек - на сянка
(Докъ)де е България ?

Ползване на материали

Забранено е копирането без предупреждение!

БГ История не носи отговорност за достоверността на публикуваните материали. Целта на проекта е да популяризира историята като наука и в частност българската история. Ако някой види авторски свой материал, публикуван в сайта без да бъде упоменат източника, моля, нека се свърже с администраторите на сайта.

Сайтът е написан от КСК Пърформънс ООД
Грешно изписване?