Сайтът е разгледан 45 809 936 пъти

Потребителско име:

Парола:




Елате в .: BGtop.net :. Топ класацията на българските сайтове и гласувайте за този сайт!!!

Форум

Последни постове:

В момента форумът е посетен от 54 потребителя, от които 0 регистриран/и () и 54 гост/и
Общ форум - свят
2-та Световна в периода 1941-1942
от danchobg
Траки, славяни, прабългари...
Re:Вече 100% е известен нашия произход
от sim4o
Общ форум - алтернативна история
Re:100 ПРИЧИНИ ДА СЕ СРАМУВАМ,ЧЕ СЪМ БЪЛГАРИН
от sim4o
Политика и анализи
Re:БЪЛГАРИЯ ДНЕС!
от sim4o
Общ форум - археология
Re:За Апостола
от sim4o

Още



свали реферати и дипломни работи

Най-нови статии

Dominus Michael princeps Bulgarius

Dominus Michael princeps Bulgarius

Съобщeния за Михаил – Борис I.
(bozman)

І манипулация


От съч. на А. Библиотекар: Още...

Философия на ментето-исторически основания

Философия на ментето – исторически основания
© Стефан Чурешки
В простонародния език, задържан от идеята за народно...
Още...

Кан(Княз) Борис -1 и неговите въпроси към римския папа Николай-1

 

Оказа се, че е наложително , да се обърне внимание и на този въпрос - отново  малко известен от историята на българите. Още...

Морален ли е въпросът с досиетата на религиозните дейци у нас?

Само морален ли е въпросът с досиетата на религиозните дейци у нас?
©Стефан Чурешки
Не искам да влизам в калта на...
Още...

За сложната и трагична история на древнобългарските летописи

 

Може би тази публикация трябваше да излезе преди първата тема от цикъла "Малко известната история на българите", тук в...
Още...

Календар за 08 февруари

Неофициално българска делегация е в Москва

Делегация начело с Георги Димитров заминава на неофициално посещение в Москва....
Още...

От галерията...

Ярослав Вешин

23. 5. 1860 г. - 9. 5. 1915 г.живописец
майор Райчо Николов

1. 6. 1840 г. – 6. 9. 1885 г.
Бомбардирана София - 1944 г. (6)

Улица "Леге" в посока към ул. "Гурко"; сградите отдясно на снимката вече не съществуват, защото върху тях е построено по-късно Президентството, а на мястото на тези отляво е построен площад "Батенберг" (тогава 9-ти септември")

Анкета

Какво е отношението Ви към БПЦ след отварянето на досиетата?

- Отрицателно, не вярвам в тази институция
- Отрицателно, необходима е смяната на висшия клир
- Отдавам агентурното минало на репресия и страх
- Склонен съм да простя грешките им ако се покаят
- Положително, БПЦ е институция, без която не можем
- Не мога да преценя



Ако не жеалете да гласувате, а просто искате да видите резултатите от анкетата и по-стари анкети, натиснете тук.

АНКЕТА: Какво е отношението Ви към БПЦ след отварянето на досиетата? (121 гласа)

Начало-> България-> Нова България-> Дейци за нашето Освобождение

Тодор Александров (Попорушев)

Снимката е видяна 2539 пъти
Тодор Александров (Попорушев)

4. 3. 1881 г. - 31. 8. 1924 г.



Коментари:


Комар отговори на vladomkd:

сакате ли нечто за Петар Чаулев

Ти пиши пък ще видим дали не го знаем Всичко, което е история и има някакви доказателства за него е полезно

e-mail: geogeo маймунка abv точка bg, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



vladomkd каза:
сакате ли нечто за Петар Чаулев

e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



vladomkd каза:
Кој стоеше зад убиството на Тодор Александров. Се знаат имињата на тие што пукале во него на 31 август 1924 година, но кој го порачал убиството веројатно никогаш нема да се дознае со стопроцентна сигурност. Најголеми интереси тој да биде ликвидиран имала бугарската влада на која очигледно не и' оделе во прилог потезите што ги влечел во последните години приближувајќи се кон Советскиот Сојуз, но и Москва, која настојувала моќната и респективна автономистичка ВМРО што ја раководел да ја искористи во ширењето на комунизмот на Балканот. Интерес да го ликвидираат имале и некои луѓе од неговата организација, но, сепак, сите сознанија упатуваат на констатацијата дека убијците биле платени од бугарската влада. Тодор Александров по откажувањето од потписите на Мајскиот манифест решил да ги среди несогласувањата во сопствената организација, пред се', во Серскиот округ, кој во тоа време требало да одржи конгрес. Како што пишува во своите спомени Кирил Прличев, тогаш член на Задграничниот комитет на ВМРО и близок соработник на Александров, состојбите во Петричкиот округ биле загрижувачки поради самоволијата што владееле таму што ги допуштале тамошните раководители на чело со Алеко Василев, наречен Алеко-паша. Во тоа го поддржувал и Георги Атанасов, резервен полковник на бугарската армија, инаку, несуден зет на Тодор Александров, кој бил свршен за неговата сестра Коца, а свршувачката била раскината. Александров го испратил него да ја контролира работата на Алеко-паша, но наместо тоа, како што тврди Прличев, тој се вклопил во општата атмосфера. Прличев смета дека Алеко Василев имал причини да се плаши од присуството на конгресот на Тодор Александров, а Георги Атансов сакал да се одмазди за раскинатата свршувачка со неговата сестра. Тргнувајќи на пат, Александров немал посебно обезбедување освен постојаниот придружник Панзо, а Василев и Атанасов му ги испратиле Динчо Вретенаров и Штерјо Влахов за да го пречекаат и, наводно, да го придружуваат до местото на конгресот во планината Пирин. Прличев за самиот чин на убиството не пишува во спомени. За него повеќе детали соопштува охриѓанецот Петар Шанданов, кој во тоа време би секретар на Битолскиот револуционерен округ и еден од луѓето кои во договор со Ванчо Михајлов учествувал во ликвидацијата на Василев и Атансов и нивни приврзаници во Горна Џумаја (Благоевград). Шанданов во своите спомени пишува дека Алеко Василев откако видел дека на конгресот нема да победи, бидејќи имал помалку делегати што го поддржувале, сметал дека нема друг излез за борба против Тодор Александров, освен да го убие. „Затоа го поканил Тодор официјално да учествува на конгресот на Серскиот револуционерен округ, откако претходно заклучил дека во моментот кога тој ќе оди кон местото на конгресот, ќе треба да биде убиен од двајцата егзекутори Димче Вретенаров и Штерјо Влахов, кои претходно се согласиле со оваа задача. Тие беа испратени да го дочекаат Тодор на падините на Пирин за кон Лапово – месност на Пирин каде што заседаваше конгресот. Тодор и Протогеров на 30 август запреле во Горна Џумаја. За обезбедување со себе го зеле Панзо Зафиров. Во едно од полските села на Мелничко ги пречекале Влахов и Вретенаров и Димче Балкански и Сугарски, кои воделе две маски на кои ги качиле Александров и Протогеров. Среде пат, среде една убава ливадичка, Протогеров и Александров запреле да поткаснат. Седнале еден до друг, а на страна од нив седнал Панзо. Малку погоре седнале Димче Вретенаров и Штерјо Влахов, а двајцата водачи на маските отишле да ги напасат. Во тоа време Тодор извадил од својата раница печена кокошка и почнал да ја кине и да им дава на Протогеров и на другите. Токму тогаш, откако се разбрале со мимики, Димче Вретенаров и Штерјо Влахов едновремено ги насочиле пушките - едниот во Панзо, а другиот во Александров. Со првиот истрел Панзо бил тешко ранет во градите, но бидејќи бил физички силен, веднаш ја грабнал пушката да стрела, но бил соборен мртов со вториот истрел. Тодор уште од првиот истрел паднал мртов, бидејќи бил погоден одзади во малиот мозок. За тоа време Протогеров се стркалал по тревата и едноставно се онесвестил“, пишува Шанданов. Според верзијата на Петар Шанданов, кој пред тоа имал закажано средба со Тодор Александров во Ќустендил и напразно го чекал неколку дена, убијците и двајцата водачи на маските, кои веројатно биле упатени во заговорот, се доближиле до Протогеров за да го кренат. По извесно време, Вретенаров и Влахов се оддалечиле од местото на злосторството, а водачите на маските Балкански и Сугарски го кренале Протогеров и потпирајќи го под мишки, го однеле во Лапово каде што се одржувал конгресот. Убиството на Тодор Александров се чувало во голема тајност. Кирил Прличев пишува дека неколку дена по ликвидацијата, Ванчо Михајлов добил телеграма потпишана со псевдонимите на Александров и на Протогеров во која биле поканети да присуствуваат, тој, Михајлов и уште тројца активисти на ВМРО, на Серскиот конгрес. Во почетокот Михајлов не сакал да оди со образложение: „Мене ме нема таму каде што е Тодор“, алудирајќи на тоа ако едниот загине, другиот да остане жив за да ја води организацијата. Сепак, решиле на конгресот да присуствуваат сите петмина. Стасале во Горна Џумаја каде што преспале, а оттаму тргнале на закажаното место. На пат ги пресретнале Аргир Манасиев и Атанас Маџаров. Ги поканиле да седнат и, притоа, им ја соопштиле веста за убиството. „Молчевме како удрени од гром... Блиску беше црквичката. Непосредно до неа – труповите на Александров и Панзо. Тие веќе беа ставени во ковчези за погреб. Беше дојден и свештеник“, пишува Прличев. Според сеќавањата на Прличев, веднаш по пристигнувањето во Софија, направиле договор да ги ликвидираат сите оние што сметале дека директно или индиректно учествувале во убиството на Александров. „По неколку советувања меѓу Иван Михајлов, Петар Шанданов, Панчо Михајлов, Јордан Гурков, Георги Баждарев и мене, се' беше договорено, планот и неговите детали, и целосно извршен. Кирил Дрангов го егзекутира Алеко Василев, а Г. Атанасов беше егзекутиран наредниот ден. Истовремено беа убиени Димо Хаџи Димов, Славчо Ковачев, Арсение Јовков, кои во тие денови на возбуда се сметаа за идејни соучесници во заговорот, на кои им се припишаа непотврдени врски со Чаулев, Влахов и виенските болшевици“, пишува во своите спомени Кирил Прличев. Во тоа време требало да биде ликвидиран и Димитар Влахов, кој за тоа во своите мемоари пишува: „Тие постојано ме демнеа додека бев во Виена, а подоцна и во Берлин и во Париз за да ме убијат. И испраќаа специјални убијци за таа цел, а исто така се обидуваа да дознаат каде се наоѓам јас за да можат да го извршат своето сатанско дело. Тие ги заплашуваа моите добри познати со смрт, ако не тргнат против мене, ова особено се однесува за периодот кога јас живеев во Виена“. Во ликвидацијата на Василев, Атанасов и на другите во Горна Џумаја учествувала и бугарската војска. Во врска со тоа, Прличев пишува: „Откако помина извесно време и се случија други настани, јас си ги поставив прашањата. Сам и на своја глава воениот министар на Бугарија изрази подготвеност да и' направи услуга на организацијата и против убијците на Т. Александров? Не беше ли Волков истиот кој неколку месеци пред тоа не' притискаше од името на кабинетот за главоболките што ги имаат поради нас? Што означуваше држењето на администрацијата и војската спроти крвопролевањето во Петричко и на други места? Нели бугарската држава, која преку своите министри се спротивставуваше на слични акции во Македонија под српска и грчка власт, имаше решено во сопствената територија да ја спасува револуционерната организација?“, се прашува Прличев, изненаден од таквото однесување на бугарската држава со чија помош Ванчо Михајлов ги ликвидира најголемите имиња на македонската левица. Физичките убијци на Александров, Штерјо Влахов и Дончо Вретенаров ги ликвидирала бугарската војска. Одредот го раководел полковникот Ил. Крстев, кого некогаш му бил командант генералот Александар Протогеров. Тие биле скриени во една куќа во с. Припечени. Откако војската ги открила на 18 септември 1924 година, побарала да се предадат, и бидејќи не го направиле тоа, ја запалиле куќата во која изгореле.

e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



vladomkd отговори на Комар:
Главна причина за убиството на Тодор Александров е Мајскиот манифест од 6 мај 1924 година, потпишан во Виена за обединување на македонското револуционерно движење. Манифестот никогаш не заживеал. Напротив, наместо до обединување, дошло до продлабочување на расколот на движењето и до ликвидирање на големи имиња на македонската борба. Убиството на Александров го искористил Ванчо Михајлов да се пресмета со најистакнатите личности на левицата. Таа есен се убиени Димо Хаџи Димов, Арсение Јовков и Славчо Ковачев, а зимата е ликвидиран во Милано Петар Чаулев, еден од тројцата членови на ЦК на автономистичка ВМРО. Зошто Александров сакал да се приклони кон Советите, кога се знае неговата десна политичка ориентација? По превратот во Бугарија и по доаѓањето на власт на Александар Цаков, тој не ги добил бенефициите што ги очекувал, па затоа се свртел кон Советскиот Сојуз, кој истовремено имал интерес моќната ВМРО да му стане сојузник за зголемување на влијанието на Балканот. За да оствари контакти со Советите, Александров ги испратил во Москва Димитар Влахов и неговиот зет Михаил Монев. „Александров настојуваше делегацијата да замине во Москва, а јас се согласив да учествувам во неа. Делегацијата се состоеше од двајца членови, од мене и зетот на Александров, Монев, кој веројатно имаше задача одделно да реферира за своите впечатоци од советска Русија и средбите што ги имавме со советските луѓе. А и да ја контролира мојата дејност, макар што тоа не се забележуваше од постапките на Монев кон мене“, пишува во своите мемоари познатиот македонски комунист и револуционер. Влахов нагласува дека советската страна упорно настојувала да го придобие Александров иако била огорчена поради тоа што негови луѓе учествувале во задушувањето на Септемвриското востание на комунистите во Бугарија во 1923 година и убиле десетмина македонски револуционери, меѓу кои и Тодор Чопов, внук на Гоце Делчев. „И покрај оваа чудовишна жестокост пројавена од Александров и од неговите луѓе кон македонските револуционери, а и кон бугарските комунисти, и покрај силното неодобрување на овој акт од страна на советските претставници, на мое големо изненадување, тие продолжија да се стремат да воспостават тесни врски и блиска соработка со Александров. А и тој, од своја страна, продолжуваше да се стреми да не ги прекине врските со советските претставници“, пишува македонскиот револуционер. Тој истовремено истакнува дека таа упорност на болшевиците предизвикувала огорченост кај него и кај Димо Хаџи Димов, но поради длабоката верба во болшевиците, сметајќи дека тие постапуваат разумно и во полза на македонското ослободително движење, се согласил да прави се' што ќе побараат од него претставниците на СССР. Иако Советите немале доверба во Тодор Александров, сепак, презеле се' за да го придобијат. Во еден извештај поместен во документите за македонското прашање во советската надворешна политика, подготвени од Владо Поповски и Лина Жила и објавени неодамна, стои дека односот на Т. Александров спрема Москва не може да се заснова врз искреност и дека тој според своите наклоности и својата насока секогаш бил близок само до буржоаските партии во Бугарија, и тоа до најреакционерните. „Неговите врски со бившиот цар Фердинанд и со неговата клика, и сега со цар Борис, се познати и неоспорни. Т. Александров секогаш беше орудие во рацете на бугарските влади за личните цели на оние што се на власт“, стои во извештајот, во кој посебно се нагласува дека лидерот на автономистичката ВМРО имал исклучителна способност на организатор и конспиратор, но истовремено бил „интелектуално ограничена личност, болно амбициозен и има хистерична желба за власт“. Во извештајот се говори и за мотивите што го поттикнале Александров да бара и да се согласи на договор со советска Русија. Информаторот на Советите наведува две причини за тоа. „Прво, знаејќи, од една страна, дека поведението на бугарската компартија по превратот од 9 јуни не беше одобрено од Москва, тој мисли дека Москва може сега да смета повеќе на него отколку на партијата и, на тој начин, тој се надева да и' наштети на компартијата. Од друга страна, по паѓањето на режимот на Стамболиски, тој веќе нема против кого да конспирира во Бугарија, а во Србија сега не смее да преземе никаква акција. Освен тоа, има основа да се мисли дека владата на Цанков нема многу да ја смени политиката на Стамболиски кон Србија и, можеби, дури ќе се обиде да постигне спогодба врз основа на поделба на Македонија, и во овој случај, положбата на Александров ќе стане многу критична. И затоа чувството на самозачувување можело да го поттикне да бара нова поткрепа во лицето на советска Русија. Повторувам дека тоа е само мој впечаток за тоа дека една од овие причини би можела да го натера Александров да бара спогодба со Москва. Ако тој дејствувал од првата причина, веројатно бил инспириран од владата, а ако од втората, тогаш дејствувал од чисто егоистички побуди. Како и да е, како во првиот така и во вториот случај, не е можно да му се верува и треба највнимателно да се следи неговата идна дејност, и посебно тоа како се изјаснува неговиот однос спрема владата“, препорачува советскиот човек задолжен за состојбите на Балканот. Сепак, Тодор Александров се откажал од Мајскиот манифест за кој долго време преговарал со Советите и бил потпишан од двајцата членови на ЦК на ВМРО, Петар Чаулев и Александар Протогеров, кои ги овластил да го потпишат и него? Кирил Прличев во своите спомени пишува дека по враќање на Александров и Протогеров во Софија, се сретнал со двајцата и, притоа, му признале дека биле немоќни да и' се спротивстават на силната болшевичка организација. „Насочени од концесиите што им ги давал претставникот на ЦК на ВМРО Влахов, поддржани од третиот продаден член на болшевизмот од истиот ЦК – Петар Чаулев, болшевиците од виенската централа ги ставиле Протогеров и Александров едноставно во безизлезна положба, така што не можеле да се откажат речиси од ништо од тоа што им го ветиле и веќе им го дале нивниот претставник Влахов и нивниот рамноправен член Чаулев“, подвлекува Прличев. Истовремено, тој споменува едно писмо на Александров што му го испратил од Виена додека преговарале. Во него му пишувал дека за време на преговорите со Советите во главниот град на Австрија ги доживувал најтешки денови од неговиот живот. Кога Александров се вратил во Бугарија, а Влахов и Чаулев ги одбиле поканите и тие да дојдат во Софија да се сретнат со него , зашто сметале дека ќе бидат убиени, кога веќе биле објавени виенските документи со наредба потпишана лично од Сталин, Александров и Протогеров на 1 август 1924 година јавно се откажале од потписите. Лично јас сметам дека Манифестот и Декларацијата на ЦК на ВМРО донесена една недела пред него не произлегувале стриктно, од волјата на Александров и од карактерот на ВМРО и дека тие документи биле во видлив расчекор со карактерот на македонското движење и дека биле пренагласено комунистички. Тој смета дека Александров не бил задоволен од текстот на Мајскиот документ, кој отстапувал од инструкциите што Александров му ги давал на Димитар Влахов. „Со фактот што Тодор Александров се повлекол од преговорите и што ги ополномоштил двајцата други членови на ЦК на ВМРО да се потпишат и во негово име, тој не им дал овластување во следниот виенски документ (во Манифестот) тие да ја изместат ВМРО од оската на нејзината политика и од средиштето на нејзиниот карактер. Меѓутоа, независно на тоа што Александров се надевал дека тие ќе ги исправат почетните и не толку фатални грешки и скршнувања направени во Декларацијата од 29 април 1924 година, тој и целиот ЦК на ВМРО станале заложници на советската и на бугарската комунистичка страна со самиот факт на потпишувањето на Манифестот од страна на двајцата членови на ЦК на ВМРО и со нивната ополномоштеност да го потпишат и Александрова. За таа намера Советите се послужиле со прилежноста на стариот социјалист и на новиот комунист Димитар Влахов, со вториот член на ЦК на ВМРО Петар Чаулев, приклонетиот и веќе длабоко приврзан за советските служби, кој во меѓувреме од многу причини станал критичар и противник на Александров, и со провокативниот политички итрец и трет член на ЦК на ВМРО, Александр Протогеров, кој кокетирал со комунистите, а им служел на бугарските воени кругови.

e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



vladomkd каза:
Мајскиот манифест кажува за стремежот на Т.Александров за свикување на еден обедителен конгрес на целото македонско револуционерно движење,кое ќе извојува слободна и независна македонска држава. Со овај манифест Тодор Александров си ја потпишува смртната пресуда која ја изврси бугарскиот двор

e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



vladomkd каза:
МАЈСКИ МАНИФЕСТ До македонскиот народ, до организираното револуционерно население во Македонија и до махедонскпте револуционери Браќа Македонци! Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море, со едно пространство од 65.000 кв. километра, пресечена од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарена со најразнообразни природни богатства и благопријатни климатски услови; со своето 2.302.000 население, рознооброзно по својот етнографски состав, со својата централна економска и стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Дунав, Егејското и Јадранското Море - ги има сите услови и права за самостојно палитичко постоење, како независна држава што се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, политкчка и економска алка меѓу народите и државите на Балканското Полуострово. Вековните борби на македонското население против господството над неговата територија од страна на едно племе и тиранијата спроведувана спрема другите племиња што ја населуваат Македанија; отпорот што го покажа тоа спрема денационализаторската политика на државите што ја владееле Македонија или граничиле со неа; учеството на македонското население во сите востанија и револуционерни движења; содејството што беспрекидно, во сите војни на Балканите, им го даваше на земјите што се јавуваа да се борат во имета на ослобадувањето и самоопределувањето на балканските народи, - е најочигледниот доказ за правата и свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политичка единица на Балканите. Тргнувајќи и опирајќи се на таа свест, Внатрешната македонска револуционерна организација, ВМРО, во текот на цели десет летија, води најрешителна револуционерна борба за ослободувањето на Македонија. Таа борба, во зовисност од соодносот на факторите во меѓународната и балканската политика и етнографскиот состав во организацијата што преовладува, поставуваше различни тактички задачи и се ползуваше со различни средства. Долго време македонскиот народ, верувајќи во ослободителните стремежи на великите европски сили и малнте балкански држави спрема Македонија, ги беше насочил своите погледи кон нив и го очекуваше своето ослободување преку нивна интервенција. Сообразно со тоа, ВМРО ја беше насочила целата своја дејност да го издигне гласот на страдалниот македонски роб до ушите на идните свои ослободители, да го привлече нивното внимание, да го предизвика нивното мешање, да го исползува натпреварувањето на нивната палитика и по тој начин да ја истргне слободата на Македонија. Примерот со создавањето на слободна Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше привлечен и охрабрувачки. Сообразно со таа тактичка задача на македонската револуционерна борба беа и нејзините средства, во прв ред единичните и делумните удари, било против владетелската власт, било против туѓите интереси врзани со Македонија. Дури ни Илинденското востание, најголемото и најмасовното движење, не можеше да смета дека само ќе извојува слобода на Македонија, туку илаше цел да му го наложи на општоевропското јавно миелење и на меѓународната дипломација резрешувањето на македонското прашање. За една вистинска револуционерна акција во голем масовен македонски или балкански размер, којашто би сметала само на себе за извојувањето на македонската слобода ни збор не можеше да стане. Резултатите од европската интервенција по Илинденското востание, изразени во лицемерните реформи, насочени повеќе да го заздрават и закрепнат турското владеење над Македонија, отколку да ја родат нејзината слобода го разочараа македонскиот народ. Тоа разочарување ја засили струјата во редовите на ВМРО којашто, сметајќи на ослободителната мисија на младите балкански држави, ги насочуваше своите усилби да предизвика нивна воена интервенција. Балканската војна, која заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 г., а по неа и општоевропската војна, со нејзините Париски договори кои го раскинаа живото тело на Македонија и го поделија меѓу балканските држави што ја окружуваа, дефинитивно ја убија верата на македонскиот народ во ослободителната мисија на интервенционистичката политика на големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот (1878 г.), Букурешкиот (1913 г.) и Париските мировни договори од 1919 г. го убедија и најпоследниот неверен Тома, дека како големите, така и малите европски држави спроведуваат своја егоистичка политика, поради што слободата и постоењето на Македонија може да биде само монета за поткусуравање. Од тоа произлегува дека од тие држави, додека се раководени од влади кои ја подржуваат завојувачката и империјалистичката политика на тие догавори, или, со други зборови, додека кај нив не се установат влади што ќе ја базираат својата надворешна и внатрешна политика врз вистинското самоопределување на народите, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа за својата слобода. Проценувајќи го основно тој историски опит, ВМРО доаѓа до цврстиот и конечен заклучок дека во својата револуционерна борба за слободата на Македонија, таа може да смета само на крајно прогресивно-револуцнонерните движења во Европа, кои се борат против империјалистичката политика на своите влади, против постојните мировни договори и за вистинско самоопределување на своите и туѓи народи. Ете зошти ВМРО изјавува дека во интерес на македонската слобода ќе ја даде сета своја поткрепа само на оние што на балканска почва се борат против завојувачката политика на европскиот империјализам, спроведувана било директно било преку владите на балканските држави. Но, владите на балканските држави не се јавуваат само како орудија на европскиот империјализам; тие спроведуваат и своја сопствена националистичка, завојуаачка политика. Благодарејќи на таа општоевропска империјалистичка и општобалканска националистичка завојувачка политика, Македанија, истоштена од петвековното ропство, разурната од три војни, денес одново е поробена и разделена помеѓу трите балкакски држави: Србнја, Грција и Бугарија. Ниедна од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето па раскинатите делови на Македонија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица; ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите кои им го осигуруваат културниот развиток како национални малцинства. Поради тоа, ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска за слободното и самостојно палитичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средстаа на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ. За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внатрешната и надворешната политика на балканските држави и особено на Србија, Грција и Бугарија кои владеат цели делови од територијата и населението на Македонија. По однос на Грција ВМРО ќе се бори против секој обид за враќање на монархијата - најјаркиот израз на ултраимперијалистичката грчка политика - и против секоја грчка влада која ја подржува денешната делба на Македонија, го денационализира населението во грчка Македонија и насилно го изменува неговиот етнографски состав, протерувајќи го домородечкото население и заменувајќи го со грчки преселеници од Мала Азија и Тракија. По однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори против сите, без разлика на партија, белградски влади, кои ја крепат денешната српска политика на насилнички централизам, денационализација и угнетување не само на македонскиот народ, туку и на народите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Војводина, Словенија и Далмација; уште повеќе затоа што таа политика, поткрепена од некои европски држави, е насочена кон нови заграбувања на туѓи територии за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните национални борби во Југославија таа решително застанува на страната на сите угнетени народности, што ќе се борат против белградските влади - за демократска децентрализација и федеративна реорганизација на Југославија. По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека и покрај сите жртви, што бугарскиот народ ги давал и е готов да ги даде за слободата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ, води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една политика јавно србофилска, која не само шта ја овековечува делбата на Македонија туку подготвува нови територијални прекројувања на Балканите за сметка на Македонија. ВМРО ги предупредува народите на Македонија, Југославија, Грција и Тракија, дека белградската влада, опрена на своите договори со некои европски држави за делбата на Хрватска, Албанија и Грција, се гатви да ја рашири својота завојувачка политика накај Солун, терајќи ја софиската влада кон Кавала, заплашувајќи ја, дека во противен случај ќе ги окупира бугарските градови Перник и Ќустендил. И владата на Цанков, е изгледа, соблазнета од тие империјалистички перспективи, потшепнувани од белградските сирени. Таа се зафатила да ја уништи Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и македонското револуционерно движење, кои се јавуваат како најсериозна пречка за остварувањето на тие престапни намери. Додека белградската влада ја подготвува и раздувува граѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафатила со уништувањето на ВМРО. Затворањето на неколку статини Македонци во Бугарија, осомничени за учество или соучество во македонското ослободително движење; забранувањето на сите легални печатни органи на македонската емиграција во Бугарија, кои го заштитуваат ослабодителното дело на Македонија; готовноста на софиската влада да посегне и по највидните дејци на македонското ослободително движење за да ги затвори и предаде на Србија, очевидно како искупителна жртва на новиот курс на српската и бугарската завојувачка политика, се најпоследните и јарки дакази за престапната политика на софиската влада. ВМРО го знае изворот на таа српска и бугарска политика. Слабоста на белградската влада внатре во земјата ја тера да ги жртвува интересите на хрватскиот народ во полза на Италија - Ријека и Јадранското приморје - и да бара компензација за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. А внатрешната слабост на софиската влада ја прави неспособна да им се противстави на белградските заплашувања и пред опасноста од окупирањето на Перник и Ќустендил од Србите таа е готова да оди на доброволно саработување со српската експанзионистичка политика накај Солун, надевајќи се дека самата ќе биде компензирана накај Кавала. На таков начин се жртвуваат не само интересите на Македонија и Тракија, туку во исто време се засегаат и интересите на Бугарија, Југославија и сите балкански народи. Основната причина за слабоста на софиската влада е нејзината изолираност, откинатост од народните маси и непријателството од овие последниве кон неа. Борејќи се по секоја цена за запазување на власта во свои раце и не наоѓајќи никаква подршка во народот за да се противстави на српската завојувачка политика, таа се мачи, во соработка са неа, да ги отклони опасностите што висат над Бугарија, подбуцнувајќи ја последната кон нова авантура, само и само да спечали некој привремен успех со кој би ја зајакнала својата разнишана положба внатре во земјата. За таа цел таа ги жртвува како интересите на македонскиот така и интересите на бугарскиот народ. Таа е принудена да управува во внатрешната политика со терор, суспендирање на сите уставни гаранции; таа е принудена да ја суспендира слободата на говорот, печатот, соборите и здруженијата, да растура цели задружни организации и политички партии; таа е принудена дури да откажува прибежиште за палитичките бегалци на Македонија. При таквата положба ВМРО изјавува дека политиката на владата на Цанков е непријателска спрема македонскиот и бугарскиот народ и апелира кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа. Тие треба да и дадат своја поткрепа само на една таква влада во Бугарија која, опирајќи се врз широките трудбенички маси од градот и селото, не ќе има нужда од терор и исклучителни закони за своето управување, не ќе прибегнува кон суспендирање на суштествените гаранции за една вистински народна и демократска власт и која, опирајќи се врз довербата на масите на слободољубивиот, демократски и нешовинистички бугарски народ, ќе може да му ги даде неопходните средства за борба против завојувачката политика на соседните држави, без да се плаши дека тие средства ќе бидат свртени против неа. Само во установувањето на една таква влада во Бугарија, ВМРО гледа гаранцнја и за понатамошниот успешен развој на својата револуционерна борба за слободата и независноста на Македонија и за политичката независност на сите балкански народи. Зацртувајќи го во општи линии својот однос кон државните фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерната борба: 1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници; 2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкански држави и нивното сојузување во една балканска федерација, која единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи; да ги задоволи економските и културните интереси на сите балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и империјалистичките стремежи на големите европски држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на сите етнички малцинства. ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македонија и Балканската федерација смета, пред сe, на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на трудбеничките маси во другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ослободителна револуционерна борба зависи од меѓународната положба, ВМРО смета пред сe, на моралната и материјалната поткрепа од прогресивно-револуционерните движења во европските држави, кои се борат против империјалистичката политика на нивните влади, против создадените империјалистички мировни договори и за полното и вистинско самоопределување на народите. На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската федерација преку интервенцијата на балканските шовинистички и европски империјалистички влади. Таа изјавува дека само оние држави и влади можат да претендираат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на балканските народи, кои со својата сопствена политика даваат даволно докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за слободно самоопределување на народите. Сите други се непријатели на македонската слобода и против нивната политика на Балканот, ВМРО ќе води најрешителна борба. ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противречја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предизвикаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балканска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуционерна борба за ослободување и самоопределување на народите е неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите држави. ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која Балканот ја одигра во избувнувањето на општоевропската војна од 1914-1918 г. Таа им обрнува внимание на сите Македонци и балкански револуционери дека и во идните борби кои бргу се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и порешителна улога, доволно е само револуционерните усилби на сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети под знамето на македонската слобода и независност, под знамето на својата сопствена слобода и независност и најпосле под знамето на Балканската федерација. И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за брзото формирање на еден единствен македонски револуционерен фронт, кој ќе послужи за образувањето на единетвен балкански револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите и туѓи народи. За да ги даде сите докази дека ја управува својата дејност по тој пат, ВМРО изјавува најсвечано дека ги прекратува сите потери и ги укинува снте екзекутивни мерки и наредби протнв одделните македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на Балканската федерација. Со тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за создавањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во скоро време на еден обединителен конгрес на целото македонско револуционерно движење, на кој преку усилбите на сите искрени македонски револуционери, ќе се создаде единствениот македонски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот балкански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прогресивнореволуционерни движења на Балканите и во Европа, ќе ја извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на Балканот - за да го потпомогне востановувањето на мирот во цела Европа. Сите напред во редовите на револуционерната македонска борба! Да живее единствениот македонски револуционерен фронт! Да живее единствениот балкански револуционерен фронт!. Да живее обединета и независна Македонија! Да живее Балканска федерација! Виена, 15 мај 1924 г. За ВМРО Централен комитет А. Протогеров П. Чаулев За Т. Александров и по негово полномоштие потпишале: П. Чаулев А. Протогеров

e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



vladomkd отговори на Комар:

Хубави статии си сложил за "Галерията", Владо, благодаря ти! Това, което го пишеш сега звучи интересно, но освен македонската историчарска мисъл дали има и някакви доказателства и източници. Защото очевидно нещо не е така: не може Т. Александров /който е инициатор примерно на Валандовската акция в полза на България/ да се застъпва за македонизма, а българската и сръбската армия да са хем съюзници в Първата световна война (?!), хем да действат срещу ВМОРО (?!), хем царят да е обещавал автономия на Македония през Първата световна война (?!), хем пък вече тя да е свършила и Яне Сандански да е още жив - убит е на 22. 4. 1915 !!! Не сме били още вощваща държава. Предполагам смесваш някои факти с окуацията на Кюстендил през декември 1922 г. от хора на ВМРО и последвалата акция на БЗНС срещу ВМРО До македонскиот народ, до организираното револуционерно население во Македонија и до махедонскпте револуционери Браќа Македонци! Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море, со едно пространство од 65.000 кв. километра, пресечена од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарена со најразнообразни природни богатства и благопријатни климатски услови; со своето 2.302.000 население, рознооброзно по својот етнографски состав, со својата централна економска и стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Дунав, Егејското и Јадранското Море - ги има сите услови и права за самостојно палитичко постоење, како независна држава што се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, политкчка и економска алка меѓу народите и државите на Балканското Полуострово. Вековните борби на македонското население против господството над неговата територија од страна на едно племе и тиранијата спроведувана спрема другите племиња што ја населуваат Македанија; отпорот што го покажа тоа спрема денационализаторската политика на државите што ја владееле Македонија или граничиле со неа; учеството на македонското население во сите востанија и револуционерни движења; содејството што беспрекидно, во сите војни на Балканите, им го даваше на земјите што се јавуваа да се борат во имета на ослобадувањето и самоопределувањето на балканските народи, - е најочигледниот доказ за правата и свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политичка единица на Балканите. Тргнувајќи и опирајќи се на таа свест, Внатрешната македонска револуционерна организација, ВМРО, во текот на цели десет летија, води најрешителна револуционерна борба за ослободувањето на Македонија. Таа борба, во зовисност од соодносот на факторите во меѓународната и балканската политика и етнографскиот состав во организацијата што преовладува, поставуваше различни тактички задачи и се ползуваше со различни средства. Долго време македонскиот народ, верувајќи во ослободителните стремежи на великите европски сили и малнте балкански држави спрема Македонија, ги беше насочил своите погледи кон нив и го очекуваше своето ослободување преку нивна интервенција. Сообразно со тоа, ВМРО ја беше насочила целата своја дејност да го издигне гласот на страдалниот македонски роб до ушите на идните свои ослободители, да го привлече нивното внимание, да го предизвика нивното мешање, да го исползува натпреварувањето на нивната палитика и по тој начин да ја истргне слободата на Македонија. Примерот со создавањето на слободна Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше привлечен и охрабрувачки. Сообразно со таа тактичка задача на македонската револуционерна борба беа и нејзините средства, во прв ред единичните и делумните удари, било против владетелската власт, било против туѓите интереси врзани со Македонија. Дури ни Илинденското востание, најголемото и најмасовното движење, не можеше да смета дека само ќе извојува слобода на Македонија, туку илаше цел да му го наложи на општоевропското јавно миелење и на меѓународната дипломација резрешувањето на македонското прашање. За една вистинска револуционерна акција во голем масовен македонски или балкански размер, којашто би сметала само на себе за извојувањето на македонската слобода ни збор не можеше да стане. Резултатите од европската интервенција по Илинденското востание, изразени во лицемерните реформи, насочени повеќе да го заздрават и закрепнат турското владеење над Македонија, отколку да ја родат нејзината слобода го разочараа македонскиот народ. Тоа разочарување ја засили струјата во редовите на ВМРО којашто, сметајќи на ослободителната мисија на младите балкански држави, ги насочуваше своите усилби да предизвика нивна воена интервенција. Балканската војна, која заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 г., а по неа и општоевропската војна, со нејзините Париски договори кои го раскинаа живото тело на Македонија и го поделија меѓу балканските држави што ја окружуваа, дефинитивно ја убија верата на македонскиот народ во ослободителната мисија на интервенционистичката политика на големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот (1878 г.), Букурешкиот (1913 г.) и Париските мировни договори од 1919 г. го убедија и најпоследниот неверен Тома, дека како големите, така и малите европски држави спроведуваат своја егоистичка политика, поради што слободата и постоењето на Македонија може да биде само монета за поткусуравање. Од тоа произлегува дека од тие држави, додека се раководени од влади кои ја подржуваат завојувачката и империјалистичката политика на тие догавори, или, со други зборови, додека кај нив не се установат влади што ќе ја базираат својата надворешна и внатрешна политика врз вистинското самоопределување на народите, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа за својата слобода. Проценувајќи го основно тој историски опит, ВМРО доаѓа до цврстиот и конечен заклучок дека во својата револуционерна борба за слободата на Македонија, таа може да смета само на крајно прогресивно-револуцнонерните движења во Европа, кои се борат против империјалистичката политика на своите влади, против постојните мировни договори и за вистинско самоопределување на своите и туѓи народи. Ете зошти ВМРО изјавува дека во интерес на македонската слобода ќе ја даде сета своја поткрепа само на оние што на балканска почва се борат против завојувачката политика на европскиот империјализам, спроведувана било директно било преку владите на балканските држави. Но, владите на балканските држави не се јавуваат само како орудија на европскиот империјализам; тие спроведуваат и своја сопствена националистичка, завојуаачка политика. Благодарејќи на таа општоевропска империјалистичка и општобалканска националистичка завојувачка политика, Македанија, истоштена од петвековното ропство, разурната од три војни, денес одново е поробена и разделена помеѓу трите балкакски држави: Србнја, Грција и Бугарија. Ниедна од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето па раскинатите делови на Македонија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица; ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите кои им го осигуруваат културниот развиток како национални малцинства. Поради тоа, ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска за слободното и самостојно палитичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средстаа на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ. За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внатрешната и надворешната политика на балканските држави и особено на Србија, Грција и Бугарија кои владеат цели делови од територијата и населението на Македонија. По однос на Грција ВМРО ќе се бори против секој обид за враќање на монархијата - најјаркиот израз на ултраимперијалистичката грчка политика - и против секоја грчка влада која ја подржува денешната делба на Македонија, го денационализира населението во грчка Македонија и насилно го изменува неговиот етнографски состав, протерувајќи го домородечкото население и заменувајќи го со грчки преселеници од Мала Азија и Тракија. По однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори против сите, без разлика на партија, белградски влади, кои ја крепат денешната српска политика на насилнички централизам, денационализација и угнетување не само на македонскиот народ, туку и на народите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Војводина, Словенија и Далмација; уште повеќе затоа што таа политика, поткрепена од некои европски држави, е насочена кон нови заграбувања на туѓи територии за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните национални борби во Југославија таа решително застанува на страната на сите угнетени народности, што ќе се борат против белградските влади - за демократска децентрализација и федеративна реорганизација на Југославија. По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека и покрај сите жртви, што бугарскиот народ ги давал и е готов да ги даде за слободата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ, води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една политика јавно србофилска, која не само шта ја овековечува делбата на Македонија туку подготвува нови територијални прекројувања на Балканите за сметка на Македонија. ВМРО ги предупредува народите на Македонија, Југославија, Грција и Тракија, дека белградската влада, опрена на своите договори со некои европски држави за делбата на Хрватска, Албанија и Грција, се гатви да ја рашири својота завојувачка политика накај Солун, терајќи ја софиската влада кон Кавала, заплашувајќи ја, дека во противен случај ќе ги окупира бугарските градови Перник и Ќустендил. И владата на Цанков, е изгледа, соблазнета од тие империјалистички перспективи, потшепнувани од белградските сирени. Таа се зафатила да ја уништи Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и македонското револуционерно движење, кои се јавуваат како најсериозна пречка за остварувањето на тие престапни намери. Додека белградската влада ја подготвува и раздувува граѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафатила со уништувањето на ВМРО. Затворањето на неколку статини Македонци во Бугарија, осомничени за учество или соучество во македонското ослободително движење; забранувањето на сите легални печатни органи на македонската емиграција во Бугарија, кои го заштитуваат ослабодителното дело на Македонија; готовноста на софиската влада да посегне и по највидните дејци на македонското ослободително движење за да ги затвори и предаде на Србија, очевидно како искупителна жртва на новиот курс на српската и бугарската завојувачка политика, се најпоследните и јарки дакази за престапната политика на софиската влада. ВМРО го знае изворот на таа српска и бугарска политика. Слабоста на белградската влада внатре во земјата ја тера да ги жртвува интересите на хрватскиот народ во полза на Италија - Ријека и Јадранското приморје - и да бара компензација за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. А внатрешната слабост на софиската влада ја прави неспособна да им се противстави на белградските заплашувања и пред опасноста од окупирањето на Перник и Ќустендил од Србите таа е готова да оди на доброволно саработување со српската експанзионистичка политика накај Солун, надевајќи се дека самата ќе биде компензирана накај Кавала. На таков начин се жртвуваат не само интересите на Македонија и Тракија, туку во исто време се засегаат и интересите на Бугарија, Југославија и сите балкански народи. Основната причина за слабоста на софиската влада е нејзината изолираност, откинатост од народните маси и непријателството од овие последниве кон неа. Борејќи се по секоја цена за запазување на власта во свои раце и не наоѓајќи никаква подршка во народот за да се противстави на српската завојувачка политика, таа се мачи, во соработка са неа, да ги отклони опасностите што висат над Бугарија, подбуцнувајќи ја последната кон нова авантура, само и само да спечали некој привремен успех со кој би ја зајакнала својата разнишана положба внатре во земјата. За таа цел таа ги жртвува како интересите на македонскиот така и интересите на бугарскиот народ. Таа е принудена да управува во внатрешната политика со терор, суспендирање на сите уставни гаранции; таа е принудена да ја суспендира слободата на говорот, печатот, соборите и здруженијата, да растура цели задружни организации и политички партии; таа е принудена дури да откажува прибежиште за палитичките бегалци на Македонија. При таквата положба ВМРО изјавува дека политиката на владата на Цанков е непријателска спрема македонскиот и бугарскиот народ и апелира кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа. Тие треба да и дадат своја поткрепа само на една таква влада во Бугарија која, опирајќи се врз широките трудбенички маси од градот и селото, не ќе има нужда од терор и исклучителни закони за своето управување, не ќе прибегнува кон суспендирање на суштествените гаранции за една вистински народна и демократска власт и која, опирајќи се врз довербата на масите на слободољубивиот, демократски и нешовинистички бугарски народ, ќе може да му ги даде неопходните средства за борба против завојувачката политика на соседните држави, без да се плаши дека тие средства ќе бидат свртени против неа. Само во установувањето на една таква влада во Бугарија, ВМРО гледа гаранцнја и за понатамошниот успешен развој на својата револуционерна борба за слободата и независноста на Македонија и за политичката независност на сите балкански народи. Зацртувајќи го во општи линии својот однос кон државните фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерната борба: 1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници; 2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкански држави и нивното сојузување во една балканска федерација, која единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи; да ги задоволи економските и културните интереси на сите балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и империјалистичките стремежи на големите европски држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на сите етнички малцинства. ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македонија и Балканската федерација смета, пред сe, на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на трудбеничките маси во другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ослободителна револуционерна борба зависи од меѓународната положба, ВМРО смета пред сe, на моралната и материјалната поткрепа од прогресивно-револуционерните движења во европските држави, кои се борат против империјалистичката политика на нивните влади, против создадените империјалистички мировни договори и за полното и вистинско самоопределување на народите. На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската федерација преку интервенцијата на балканските шовинистички и европски империјалистички влади. Таа изјавува дека само оние држави и влади можат да претендираат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на балканските народи, кои со својата сопствена политика даваат даволно докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за слободно самоопределување на народите. Сите други се непријатели на македонската слобода и против нивната политика на Балканот, ВМРО ќе води најрешителна борба. ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противречја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предизвикаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балканска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуционерна борба за ослободување и самоопределување на народите е неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите држави. ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која Балканот ја одигра во избувнувањето на општоевропската војна од 1914-1918 г. Таа им обрнува внимание на сите Македонци и балкански револуционери дека и во идните борби кои бргу се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и порешителна улога, доволно е само револуционерните усилби на сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети под знамето на македонската слобода и независност, под знамето на својата сопствена слобода и независност и најпосле под знамето на Балканската федерација. И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за брзото формирање на еден единствен македонски револуционерен фронт, кој ќе послужи за образувањето на единетвен балкански револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите и туѓи народи. За да ги даде сите докази дека ја управува својата дејност по тој пат, ВМРО изјавува најсвечано дека ги прекратува сите потери и ги укинува снте екзекутивни мерки и наредби протнв одделните македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на Балканската федерација. Со тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за создавањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во скоро време на еден обединителен конгрес на целото македонско револуционерно движење, на кој преку усилбите на сите искрени македонски револуционери, ќе се создаде единствениот македонски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот балкански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прогресивнореволуционерни движења на Балканите и во Европа, ќе ја извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на Балканот - за да го потпомогне востановувањето на мирот во цела Европа. Сите напред во редовите на револуционерната македонска борба! Да живее единствениот македонски револуционерен фронт! Да живее единствениот балкански револуционерен фронт!. Да живее обединета и независна Македонија! Да живее Балканска федерација! Виена, 15 мај 1924 г. За ВМРО Централен комитет А. Протогеров П. Чаулев За Т. Александров и по негово полномоштие потпишале: П. Чаулев А. Протогеров


e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



Комар отговори на vladomkd:
Хубави статии си сложил за "Галерията", Владо, благодаря ти! Това, което го пишеш сега звучи интересно, но освен македонската историчарска мисъл дали има и някакви доказателства и източници. Защото очевидно нещо не е така: не може Т. Александров /който е инициатор примерно на Валандовската акция в полза на България/ да се застъпва за македонизма, а българската и сръбската армия да са хем съюзници в Първата световна война (?!), хем да действат срещу ВМОРО (?!), хем царят да е обещавал автономия на Македония през Първата световна война (?!), хем пък вече тя да е свършила и Яне Сандански да е още жив - убит е на 22. 4. 1915 !!! Не сме били още вощваща държава. Предполагам смесваш някои факти с окуацията на Кюстендил през декември 1922 г. от хора на ВМРО и последвалата акция на БЗНС срещу ВМРО...

e-mail: geogeo маймунка abv точка bg, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



vladomkd каза:
Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја а е забранета во Бугарската историја,имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владат и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот. Царот и Премиерот Бугарски во паника го признаваат Македонското малцинство и од страв на делување на Тодор Александров против државата се зближува со Сандански кој формира партија и пушта свои луѓе во Бугарскиот парламент тврдејки дека само на демократски начин Бугарија ке ја признае Автономна Македонија,но Александров кога дознал за тоа ги подигнал на оружје сите Македонски комити кои биле распоредени во Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) - во еден натпис во весникот Илинден оваа општа мобилизација се опишува како второто Илинденско востание но било и повеке од тоа. Александров вооружал и ставил на готовс 150 000 Македонски комити низ цела Македонија кои биле спремни на повикот „Слобода или Смрт" да го дадат својот живот за Војводата Александров.Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за Македонија. За четири дена го завземал Ќустендил,ги разоружал Бугарските полицајци и војска и ја осигурал границата на месноста Мал Завој кој гледал на Крива Паланка,Ќустендил го држел под власт цели 24 дена за кое време планирал напад и влез во Вардарска Македонија чекајки над 100 000 Македонски комити од цела Македонија. Првите 35 000 комити ги распоредил околу градовите Паланка,Кратово и Куманово и се спремил за вооружена пресметка со Српската војска.5 000 Македонски комити оставил во Ќустендил а другите 12 000 од 17 000 кои го заземале Ќустендил ги повел во битка, но на излез од Ќустендил кај селото Ѓуешево, Бугарската војска координирана со Српската, која чекала од другата страна на границата, го сопрела на преговори. Тодор Александров чекајки ги 100 000 комити од Егејска и Вардарска Македонија увидел дека е надброен и се сложил на преговори. Бугарската војска го оставила да се повлече од Ќустендил и да ги разоружа Македонските комити со цел да се почнат преговори за Автономна Обединета Македонија.

e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



vladomkd каза:
Тодор АлександровРоден е на 4 март 1881 година во Ново Село, Штип. Завршил Педагошко училиште во Скопје (1897-98) и учителствувал во Кочани, Виница и Кратово, каде во исто време бил и еден од дејците на ТМОРО. Во почетокот на 1903 година бил назначен за околиски раководител во Кочанскиот реон. Како резултат на предавство, на 3 март 1903 година е осуден на 5 год. затвор и казната ја издржува во скопскиот затвор Куршумли ан. По 13 месеци, во април 1904 година бил амнестиран. Истата година бил назначен за главен учител во Ново Село, Штипско. На 10 јануари 1905 година стапува во четата на Мише Развигоров како секретар на четата. По убиството на Развигоров, станал секретар на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев Клинчарски. На Третиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ (ноември 1907), е избран за еден од окружните војводи на овој округ. За време на Хуриетот не го предал оружјето и се повлекол во илегала. Во почетокот на 1911 год., заедно со Х.Чернопеев и П.Чаулев бил избран за член на ЦК на обновената ВМРО. Со своја чета учествувал во Првата балканска војна. По Првата светска војна, зел учество на страната на реакцијата во военофашисткиот преврат на 9 јуни 1923 г. и во задушувањето на Септемвриското антифашистичко востание од истата година. Сакајќи да постигне единство во Организацијата и да ги помири левите и десните струења, во 1924 год. во Виена го потпишува Мајскиот манифест. После негативната реакцијата на целата јавност, Т.Александров го повлекува својот потпис. Напуштен од своите дотогашни пријатели и предаден, бил убиен на 31 август 1924 година кај с.Лопово (Мелничко), на пат да присуствува на Конгресот на Серскиот револуционерен округ.

e-mail: vlado точка 1 маймунка live точка com, публикуван преди: 2 год., 3 мес.



Българите и световната цивилизация
Валовете в Добруджа и Бесарабия и прабългарската теория
Тест по българска история за любителя на историческо четиво
Именник на българските князе
День Победы.
Реч на Й.В.Сталин от 9 май 1945 година
Dominus Michael princeps Bulgarius
Кан(Княз) Борис -1 и неговите въпроси към римския папа Николай-1
За сложната и трагична история на древнобългарските летописи
За алкохола, археологията, истината и политиката на Държавата
За героизма и културата в България в конотациите на святотообщонародно българско дело от философията на историята
За логиката на финансиране в България през модерността или “Мистика и ритуал” ООД
Храбростта на българската войска от гледището на автентичната българска народопсихология
Смисълът на тържественното провъзгласяване на България за независимо Царство на 22 септември 1908 г.
Президентът - монарх
За някои измерения на понятието “събитийност” в автентичната българска история
Антибългаризмът като лично-обществена кауза в Рудозем
За религиозната и културната приемственост в българската история
Философия на ментето-исторически основания
МЫ - БУЛГАРЫ /статията е изцяло на руски и е публикувана така за автентичност/
Някои възможни предпостваки за разбирането на българската история
Атентатът в Марсилия
Фалшификациите в българската история и техния смисъл - 2
Фалшификациите в българската история и техния смисъл
Гласът на Юрий Левитан бе едно от оръжията на Победата
„Скачачът Джо” - герой на две нации
Методий или "първенството на втория"
Михаил Псел, един всестранно надарен учен и многолик държавник от ХI в.
Ванче Михайлов - терористът бюрократ
Непознатият Буров
Какви са и кои са Коледата и Рождеството...?!
Капанска народна песен
Чудото на човешката личност
- Какъв е смисъла на шаманистиката и ползата от нея
Вместо увод в шаманистиката
Историко-Етнографски сведения за капанците
Добавките за българската история към превода на Манасиевата хроника
Сенките от миналото - втора част
Бойните действия на Предния отряд при Нова Загора през м. юли 1877 г. - важна предпоставка за успешната отбрана на Шипка
Херодот: За предимствата на Монархията
Първо стълкновение на българите(булгарите) с монголите на Чингиз-хана
Траките - познати и непознати /1 част/
Първата българска картечница
Как Хуго Шмайзер създаде АК-47(Калашников) за Сталин
Ах, тези луди, луди войни!...
Дамаската стомана и нанотехнологиите
Странната история на линкора Тирпиц
Лозенградската операция
Волжка България през 15 - 16 век
История на Волжка България(10 век) - 3 част
История на Волжка България(10 век) - 2 част
История на Волжка България(10 век) - 1 част
Въстанието на Петър Делян
БЪЛГАРСКИ НАДПИС НА 6500 ГОДИНИ .
Морален ли е въпросът с досиетата на религиозните дейци у нас?
Интересен факт
Народът на вълка
Борба на Булгария с монголо-татарските нашествия и натиска на източно-руските феодалие
ТРАКИ, ИРАНЦИ И БЪЛГАРИ –I
Освободителната война е комедия от грешки
Страх и автобуси, влакове и самолети
Джебел на припек, Припек - на сянка
(Докъ)де е България ?

Ползване на материали

Забранено е копирането без предупреждение!

БГ История не носи отговорност за достоверността на публикуваните материали. Целта на проекта е да популяризира историята като наука и в частност българската история. Ако някой види авторски свой материал, публикуван в сайта без да бъде упоменат източника, моля, нека се свърже с администраторите на сайта.

Сайтът е написан от КСК Пърформънс ООД
Грешно изписване?