Денеска пак ќе чуете уште една небулоза од бугарските "историчари" дека македонскиот народ го создал Тито и србокомунистите 1945 г., а пред тоа, сите македонци се чувствувале и биле само бугари. Ама јас пак ќе Ве навратам во минатото и ќе дадам цитати од бугарскиот учен од 19 век, Атанас Б. Шопов, кој ги демантира своите сонародници од 20 век и вели :„Па дури ни денес, во 1885 година кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме, дека поголем дел од Македонија ќе ни летне од раце, со исклучок на две - три околии од северна Македонија . Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари.....” (Офейков (Атанас Б. Шопов ), „Македония въ време на хилядагодишнината на св. Методий“, Пловдив, 1885 г., стр. 109-110). Да не заборавиме дека тогаш, во Македонија спаѓале и делови на денешна јужна Србија. Шопов се осврнува на две пропаганди во Македонија: грчката и австриската, за која прв пат слушаме од него, додека српската пропаганда целосно ја игнорира, најверојатно не била толку експонирана. Под австриската пропаганда, всушност мисли на католицизирањето на источните Македонци од Пиринско и Егејско, кои да ја одбранат својата македонска народност од Патријаршијата и Егзархијата, влегувале во Унија со Ватикан. Еден од унијатските владики е и познатиот Партенија Зографски, папски егзарх во дојранската митрополија. Според секретарот на бугарскиот Егзарх, најголемиот број од Македонците во 1885 г. биле патријаршисти (барем тој така тврди) и се спротиставувале на бугарската Егзархија.
Славејков во својата автобиографија потврдува дека Македонците говореле посебен јазик, со свои наречја (дијалекти): ” Бев надвор од себе да се тури крај на католичката интрига, која се закануваше да ја прибере во рувото на католицизмот повеќе од една третина од Македонија (источна Македонија), идејата да се запознам личнo со неа и со луѓето македонски, да го изучувам битот, обичаите и јазикот на македонските бугари, да соберам материјали за јазикот и дијалектите на таа земја" (П. Р. Славейков. Стихотворения, поеми, автобиография, С., 1964, с. 169.).
Горноспомнатиот Славејков, во 1870-те како представник на бугарската егзархија во Македонија се бори против македонската црковна борба за обнова на Охридската Архиепископија, која се сведувала на борба против бугарската егзархија и прогрчката цариградска патријаршија. Бугарска црковна организација во Македонија е присутна од 1871 г., а наишла на голем отпор од македонците, кој требало Шопов да го амортизира, за што редовни извештаи праќа до бугарскиот Егзарх. Голем дел од свештенството и владиците на бугарската Егзархија во Македонија било локално, македонско, но, се борело за црковно осамостојување на македонците, и покрај тоа што тие биле финансирани од Русија и бугарската Егзархија. За ова црковна македонска борба, Славејков пишува до неговиот егзарх: "се јави во тукашните (македонски) патриоти мисла да дејствуваат сами за себе за и да го официјализираат своето месно наречје за своја лична, сопствена македонска хиерархија, што е бугарска идеја, за несреќа засилена како што можев да разберам од љубомора на еден од нашите владици (г. Натанаил Кучевишки), кој допушти да се протнат и растространат тие погубни идеи на едно национално самосознание" (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал. Ръкопис.). Како што гледаме, Славејков неќе да го спомне ниту македонското име по писмата и да го каже дури и името на националната самостојна мисла што се јавила во Македонија или пак бугарските издавачи македонското име "заборавиле" да го спомнат при објавувањата на славејковите писма. Иако македонците не се чувстувале како бугари во 70-те години на 19 век, Славејков упорно ги нарекува бугари кои сакале преку унијатстворо и Ватикан да добијат своја црковна администрација.
Македонцитге зеле пример на унијатското движење од бугарите, кои пред добивањето на Егзархијата 1871 г., за да извршат притисок врз грчката патријаршија од Цариград, исто така почнаa да се унијатат. Со основањето на Егзархијата, во Бугарија замира унијатското движење. Македонците со унијатсвото покажувале отпор како кон Егзархијата, така и кон Цариград.
Во унијатското движење бил активен и Димитар Малешевски, кој се спомнува како еден од потпомагачите и главните организатори на унијатството. Подоцна него го гледаме како организатор на Кресненското востание, од кога се сочувани доста документи. По “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4), додека во член 15 од Уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа (чл. 186), но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61). Како што гледаме, македонските унијати имале чисто македонска национална свест.
Во истото писмо, Славејков пишува дека македонските владици г. Нил и г. Харитон веќе ги отцепиле од бугарската црква серската, мелничката, струмичката, воденската, кукушката и солунската област и ги приврзале кон католицизмот; во Солун сите православни македонци станале католици, освен г-н Буботинов, бугарин од Софија (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал.).
Според информацијата на католичката сестра Augustine Bewicke од St. Paul's Hospital во Солун, која ја доставила до британската делегација на версајската мировна конференција 1919 г. истакнува дека до 1913 г. во Солун имало околу 10.000 католици, "словени, кои се нарекуваат Македонци и она што тие го посакуваат е автономија под Европска контрола" (Public Record Office (London) – Foreign Office Document 608/44. Peace Conference (British delegation), 1919).
"Солун не е още българский град и не стои начело на движението" продолжува Славејков, за да каже дека на чело на католичко-унијатското антибугарско движење стои Кукуш, "подпомаган денеска доволно силно од досега успиениот Дорјан, а учествуваат во него јавно Струмица со Малешево и Воден. После нив следат солунските села, серските села, Мелник и Драма" (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал.).
Бугарскиот секретар во Македонија се чуди како грчките свештеници во Македонија не реагираат како бугарите, бурно против католицизмот што како зараза се ширел низ Македонија со следниве зборови "Много еще помага за разпространението на уинятската зараза възобновеното преследвание от страна на гръцките владици. Вижда ся явно, че гръцките тъдези владици, вместо да вземат някакви мерки за ограничение на злото или за потушаванието на раздражеиието, с едно равнодушие съдействуват да ся възползуват от туй вълнение в противно отношение, и в такъв дух както ги блазнеше да ся възползуват и от схизмата".
На крајот на извештајот до бугарскиот Егзарх се заклучува дека македонските владици водат "проповеди да ја воскреснат Охридската архиепископија".(ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал).
Во друг извештај до својот претпоставен, бугарскиот егзарх ЙОСИФ I, Славејков ги анализира оние малку македонци кои не се унијателе, но пак се изјаснувале како потомци на Александровите македонци, па не можејки да ја оправда развиената македонска национална свест и кај овие православци, ги обвинува дека ја прифатиле српската и грчка пропаганда и вели: "на малкуте оние мали чистокрвни бугари од Македонија, кои од тесна љубов кон татковината (Македонија) и неопишаното инсистирање на родниот јазик, кои што работат на неговото преовладување, ја прибавија на крај српската пропаганда и грчката, кои без да ги покажат задните мисли на населението, им всадуваат многу погубни идеи: напр. дека тие не се бугари, но се македонци (Александрови потомци), т.е. нешто повредни од погорните други бугари и дека тие можат и треба да бидат водачи и првенци на бугарскиот народ, зошто егзархијата бугарска била нивна, со такви проповеди на странците, поткрепени од наши нерaзумници, раздразнувајки го населението, успеаја да ги распространат доволно овие мисли и да гo насочат народот кон погубитниот пат на сепаратизмот" (5 март 1874. Солун, ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 203, л. 2–3. Оригинал. Ръкопис). Како што гледаме, човеков е премногу контрадикторен и противречен самиот на себе; македонците ги нарекува бугари, па дека се сметале за наследници на античките македонци, па дека требало да бидат предводници на бугарскиот народ, а самите македонци всушност ce сметале за посебен народ, за надмени, и со омаловажување гледале кон бугарите. Тоа се реченици на очаен човек кој очигледното бело го прави црно, македонците ги прави бугари, а немало македонци со бугарска национална свест. Дали тоа го правел за да го задоволи и даде романтичарски занес на бугарскиот егзарх или пак да се оправда за неуспешната бугаризација на македонците, за која бил и задолжен, останува загатка. Факт е дека грците ширеле пропаганда дека македонците се елини, додека пак србите пропагирале дека македонците се чистокрвни срби., но ниту србите, ниту грците не го учеле народот дека е посебен македонски народ; тогаш не би имале ќар, а без ќар работа (во овој случај пропаганда) нема.
Тука презентирам и неколку пасуса од српската пропаганда, која целосно ја демантира бугарската пропаганда која тврди дека "србите го измислија македонизмот; за србите, Македонците биле само старо-србијанци:
" Тим послом бавио се Веселиновић а нарочито Стојан Новаковић. Осим другога наштампао је Новаковић у 12. Гласу Српске Краљевске Академије врло важну расправу, ''ћ и ђ у македонским народним дијалектима'', у којој говор Македонаца и Старо-Србијанаца дијели на овчопољско-кратовски, велеско-прилепски и дибрански говор, претреса потанко велеско-прилепски говор и налази, да је то наријечје српскога језика. Посао овај настављен је у Јагићеву Архиву."...
..."Ношња и обичаји исти су који и у сјевернијех Срба. Они славе славу и преславу ту пар еџелленце српску свечаност, они знају за додолу, за лазарицу и коледу, држе мобу и побратимство. За све то не знају Бугари."
..."Од свега тога најљепше говоре народне пјесме и народна свијест. Српски народ чувен је у свијету са својих народнијех пјесама. Напротив Бугари не имају никаквијех старијих пјесама народнијех. Ну да заварају свијет, наштампаше Македоњани браћа Миладиновци, Бошњак Верковић, Рус Качановски и Бугарин Чолаков српске народне пјесме, које су посакупљали по разнијем предјелима Македоније, Старе Србије и шопских крајева, под именом ''бугарскијех'' пјесама, пошто су их прије тога прекројили према бугарскоме изговору. а да те пјесме изгледају бугарскије, замијенише имена српскијех краљева и јунака бугарскијем царевима и војсковођама, о којима народ нити зна нити пјева..."
"Да су Македонци Срби, држали су и стари дамлатински писци. Шпљећанин Алберти /1617/ пише, да је некада народ словенски под Александром Србљанином /Александар Велики/ давао законе свему свијету. Мавро Орбини /1601/ вели, да је на балканскоме полуострву од давнина живио словенски /а то је исто што и српски/ народ, да је загосподовао у Азији и Африци, да се побио с Мисирцима и са Александром Великијем, да је покорио Јелинију, Македонију и Илирик, да је војевао с Римљанима, да је развалио Рим и присилио римске цареве, да му плаћају данак..." (Симеон Кончар "ПРАДОМОВИНА СРБА", 1894 год.)
prodolzuva.....