Официјалната бугарска историја, ако таа пропагандна машинерија може така да се нарече, тврди дека во 9от век, за време на владеењето на бугарскиот кнез-цар Борис Михаил, кога северна и централна Македонија потпаѓаат под бугарско ропство, Македонците стануваат дел од "бугарското племе"; понатаму, бугарските "историчари" одат дотаму дека со самата христијанизација на македонците, бугарите, славо-траките од Бугарија и србите окупирани од бугарите, се премавнуваат етно-културо-расните разликите меѓу словени и бугари и така настанува новата бугарска нација. Оттогаш, старословенскиот јазик станал "бугарски", а словените "бугари".
Но, за тоа тврдење на бугарската историографија, или подобро речено лага, нема никакви материјални или усни историски извори. Сето тоа е една груба шпекулација т.е. измислица на тнр. "бугарски историчари".
Прва Бугарска лага: Царот бугарски Борис Михал во средината на 9 век ги обединуваат македонските словени со турко-бугарите во еден народ и така настанува бугарската држва (основачот на бугарската историографија, Васил Н. Златарски , "История на Първото българско Царство", стр. 60).
Бугарите ги "обединиле македонските словени", исто како што византиците ги обединуваа, или пак турците во своите "нации".
Македонија, во средниот век била под византиска, бугарска и на крај под српска окупација; временски, најдолго средновековните Македонци биле окупирани од Византија, па по логиката на "бугарските историчари", ние македонците би требало да сме ништо друго, освен грци. Освен тоа, јужна Македонија, само неколку години или никогаш не била под бугарска окупација. Од друга страна пак, турците ги "обединуваа" македонските словени со турците 600 години, многу подолго отколку бугарите, па не станавме турци.
Некој неписменко бугароман ќе рече, па турците биле муслимани, азијати, со сосема различна религија, култура и раса од македонците. Но, истото било со средновековните бугари. Тие биле турки народ, од алтајска група со турски јазик [THE BULGARIANS, Extract from the book "Bulgaria Illustrated History", Bojidar Dimitrov, PhD., Author, Published by BORIANA Publishing House, Sofia,Bulgaria]. Oфицијалната бугарска историја тоа го потврдува, како и Бугарската Академија на Науките за која вистинските Бугари се турско племе со турски јазик (История на България. Т. II. С., 1981, с.60. / History of the Bulgarian State, v. l, part 1, Sofia, 1938, pp. 332 337, by Prof. V. N. Zlatarski); постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992).
Друг пак, ќе рече дека денешните бугарите се исто словени како македонците т.е. ист натод. Но, и тоа не е точно. Современите македонци се склавени, а современите бугари се анти. Македонските Словени уште при доаѓањето на Балканите се посебни племиња, различни од Србите и Антите (тнр. бугарски Словени), за што сведочат и многу историски извори.
Cлавените ги населиле териториите на денешна етничка Македонија, чии етнички граници се простирале на исток до реката Места, на запад до јадранското море, на север граничеле со српско-хрватската група (сев. Косово и Рашка) додека на југ отишле се до Пелопонез; на исток од р. Места (источно од пиринска Македонија т.е. Бугарија), се населиле Антите [Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство, I, Епоха на хуно-българското надмощие (679—852) стр. 40].. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами, Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].
Попросто речено, во денешна Бугарија се имаат населенo Анти, а во Македонија Слaвени. Од кога Антите го прифатиле словенското т.е. македонското писмо, јазик и култура во доцното средновековие , после 11 век и тие почнале да ги нарекуваат Словени, но дури во 11 век. Jordanes (Getica 119) разликува три словенски рода ('gentes'): Венети, Анти и Словени. Англосаксонската историографија ја лоцира татковината на Словените меѓу Вистула и Дунав чиј делумен корен влечеме ние, современите Македонци, Антите потекнуваат од територијата меѓу Дон и Днестар, а од нив потекнуваат денешните Бугари, додека Венетите ги лоцира на Виста-Вистула (Oxford Dictionary of Byzantium (1991), vol.3, p.1916-1918).
Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две НАЦИИ, Слaвени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22). Значи, македонските Словени и бугарските Анти биле два различни народи. Воедно, Антите и Слaвените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите (тнр. бугарски „словени“) кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41). Од историска гледна точка, да се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Русите, или пак Чесите со Русите или Украинците. Со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Украинци или пак дека Полјаците се Руси!
Од друга пак страна, за својата и странската историја, бугарските историчари ја кажуваат историската вистина дека нивната модерна бугарска нација е создадена од мешавина на Трако-Мизијци, туркомонголските Бугари со 7 Антски племиња и Северјани (најстарото руско словенско племе); извор: "Rulers of Bulgaria" Text by Profesor Milcho Lalkov, Ph.D.
Според бугарската логика, србите, хрватите и босанците се чисти бугари Хрватскиот историчар Ф. Шишић, стр. 81,F.ii, Geschichte der Kroaten, I Teil, Zagreb, 1917, S. 81, цитирајки го византискиот император Константин Порфирогенет тврди дека "бугарите" и хрватите граничеле едни со други, бидејки територијата на бугарите го зафаќала целиот Срем, западна Србија и Босна се до околината на градовите Тузла и Зворник (Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство". II.. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство , стр.36). Ако македонците станале бугари, дел од "бугарското племе, само затоа што дел од нашиот народ бил покорен од бугарите во 9 век, тогаш по истиот принцип и "бугарска" логика, србите, хрватите и босанците се чисти бугари. Византискиот император Константин Порфирогенет вели: "Бугарскиот кнез Михаил-Борис излегол и војувал против нив (хрватите), но како не можел ништо на направи, склучил мир со нив, при што тој ги дарувал хрватите и бил даруван од последните. Но, хрватите никогаш не давале данок на бугарите, а само често од пријателство, си давале едни на други дарови" [Const. Porphyr., De admin, imp., ed. Bon, cap. 31, p. 150151.].
Значи во средниот век под ропство се сметало плаќање данок. Истото се случувало и со македонците. Македонците во 10 век биле разделени меѓу Бугарите и Византијците, но тоа ропство не било класично, ами под ропство се подразбирало плаќање данок на Бугарите и Византијците, за да не бидат напаѓани. На Византија плаќале данок Драговитите и Сагудатите, додека северно од нив била Стримионската тема каде Ринхините, Смолјаните и дел од Струмјаните (пиринска Македонија) плаќале Данок на Бугарите. Македонците си имале целосна автономија, со свои кнезови и војводи на чело на кнежествата, а Бугарите и Византијците не им се мешале во уредувањето на кнежествата, ниту имале свои војски таму [81. L. Niederle, 425—428; Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018)", IV. Борба с Византия за политическо надмощие, 1. Цар Симеон и първата му война с Византия].
Македонците станале бугари, оти дел од нив плаќале данок на бугарите?!
Еве еден запис на средновековен Македонец- Иван Камениат од 10 век, кога според бугарските "историчари" македонците веќе биле "слеани" во бугарското племе..
Toj бил солунчанец кој себеси се декларирал како Македонец, a ја има напишано историјата за Солун во 904 г., при неговата опсада од страна на Арапите. Имено, Арапите во 904 г. го зазеле Солун, сите солунчани што ги затекле во градот ги испоубиле или продале како робје, додека најголем број од солунчаните претходно пребегнале по македонските кнежевства, по планините: струмјаните, ринхините и драговитите. За Иван Камениат Солун бил "величествениот и првиот град на Македонците" (Ј.К. Бегунов, Козма Презвитер в славјанских литературах, Софиа 1976, стр. 297).
Тој го опишува и карактерот на Македонците и македонските власти од 10 век, па пишува:
...На запад (од Солун) се простира една рамнина, која завршува до едни други планини, каде се издига еден град, нарекуван Вероја (Бер), град познат како по жителите, така и по сите особини, со кои може да се пофали еден град по конструкција. Во средното пространство на таа рамнина, се наоѓаат некои распрснати села, од кои едни близу до градов (Солун), нарекувани со име драговите и сагудати, потчинети на градов, други пак плаќаат данок на соседниот Скитски-бугарски народ, кој не е далеку. Инаку селата живеат по соседство едни со други, па како и бидува, неретко (драговите и сагудати) влегуваат во сродство едни меѓу себе и со солунчаните, а тргуваат со бугарите....[79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.].
Македонците припаѓаат на бугарското племе, исто онолку колку што србите, босанците и хрватите припаѓаат на истото. Ако србите, босанците и хрватите не станале бугари, само затоа што биле под бугарска окупација и плаќале данок на бугарите, барем секој нормално интелегентен човек ќе заклучи дека и македонците не станале бугари. За тоа сведочи и средновековната македонска книжнина. Средновековните македонци, себеси се изјаснувале како словени или македонци по народност, а никогаш како бугари. Не постои ниту еден пишанј или усмен документ или друг историски извор дека некој средновековен македонец себеси се декларирал како бугарин.
Среновековните македонци ги негираат современите бугарски историчари дека биле бугари по народност
Македонија е лулката на словенската писменост и култура, земјата на словенскиот Ерусалим- Охрид, земјата каде што настанале првите букви и книжевни дела на старомакедонски јазик, јазикот кој стана основа на сите словенски јазици и до ден денешен се служи по православните храмови низ словенските земји, од Македонија па се до рускиот далечен исток, во Азија. Од словенската книжнина за Македонија од средниот век, дознаваме многу детали за етникумот кој ја населувал Македонија. Иако нашиот источен сосед упорно тврди дека Македонците се „Бугари” од средниот век, пишаните историски извори од средновековните Македонци тоа го отфрлаат. Не постои ниту еден Македонец во средниот век кој се декларирал како Бугарин или пак како Србин.
Во ”Пофалното Слово за Св. Кирил”, за кое кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ словенски” (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил”, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во ”Житието Методиево” вели дека „сите солунчани чисто словенски зборуваат”.
Авторот на "Азбучната молитва на нашиот писател” ( ”Cтихотворном прологе к Учительному евангелию”) од 10 век, вели дека Св. Климент го покристил "словенското племе" (Н. Туницки, Св. Климент, стр. 153). Cпоред бугарската историја, во опишаниот историски временски период македонците веќе станале дел од "бугарското племе", a како македонците станале бугари, така и јазикот кој тие го говореле (старословенски), станал бугарски јазик!
Епископ Константин, ученик на Св. Кирил во својот ”Проглас кон евангелието” (временски најверојатно потекнува почеток на 10 век) се обраќа кон "словенскиот род" од Македонија кој ги познавал само грчките книги, сега истите да ги замени со словенски: (Архиеп. Антоний, каз. съч., стр. 231; ПСп, пак там, стр. 407. Горский и Невоструев, Опис. рук. Синод. библ., II, 2 стр. 425—426).
Во Житието на Св. Наум Охридски, напишано по смртта на Св Наум, од перото на анонимен ученик на Св Климент, во 10от век, пак се зборува само за Словени и за никоја друга народност во Македонија.
Уште еден важен историски факт е тоа што Македонците во 10от век имале и своја посебна црковна организација, во времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната Црква, и покрај тоа што северна и центрлна Македонија биле окупирана од бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за „епископ Словенски” Марко, четврт епископ на Словените од Девол и на словенски јазик - народ (старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос), што јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија, како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10от век (Извор: „Житието на Св. Наум Охридски”, „Спомен за нашиот преподобен отец Наум”, 10 век, Охрид). Да биле средновековните Македонците потчинети на бугарската или ромејската црква, тогаш, би биле покорни на бугарскиот преславски или ромејскиот константинополски патријарх, и нив би ги славиле и спомнувале по пишаните документи.Бугарската историја не се повлекува од квазитеоријата дека Македонците веќе во 10от век биле Бугари. Подоцна, Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска власт во почетокот на 11от век, а подоцна под српска. Но, како што гледаме во тоа време Македонците не биле Бугари, напротив, бугарското име македонските писатели не го спомнуваат.
prodolzuva.......