Македонска Склавинија
Името на Самоиловата држава се нарекува Славинија. Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дужд Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348).
Преспанската плоча, редок ранокириличен запис од Цар Самоил
Инаку, единствен оригинален запис од Цар Самоил и неговата фамилија е Преспанската Плоча од с. Герман (егејска Македонија), која представува надгробен споменик на неговите тродители, таткото Никола, мајката Римпсинија и братот Давид. Плочата е земена од бугарите и се чува во Националниот музеј во Софија. Сочуван е само краток текст во долниот десен агол на плочата, додека целиот останат тескт е издлабен и плочата e израмнета (”Надгробната плоча најдена во село Герман кај Преспа, Илјада години од востанието на Комитопулите, Преспа 1969 г., стр 85, коментар на Павловиќ). Плочата ја содржела и оригиналната титула и името на Самоиловата држава, што не одговара на бугарската историографија, па затоа најголемиот дел од текстот на плочата е преклесан и израмнет.
Битолскиот натпис, од 13 век или бугарски фалсификат
Бугарите за да докажат бугарскиот карактер на Самоиловото Царство ја користат тнр. Битолска плоча од некој Јоан, Цар и Самодржец бугарски (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.). Тие тврдат, дека тоа е натпис од Иван Владислав, внук на Цар Самоил. Но, ако се прочита плочата, ќе се види дека натписот воопшто не одговара на ранокириличен натпис. Имено, зборот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владетел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Цезари (Цри) за терминот Цар. Зборот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век.
Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од бугарскиот цар од кумано-влашко потекло Јоан Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].
Македонија во византиската тема Бугарија
Од 971 г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија; слободните територии на Самоил и неговите браќа не беа признати за посебна држава, туку тие беа за Византија само бунтовници. Цариградскиот Патријарх не го признал Самоил за Цар, туку тоа морал да го стори папата Грегур V. Тогаш, Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува тема Македонија (уште во 9 век), а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Тема Тракија станува Цариград, Босфорот и делови на мала Азија. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).
Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.
Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија.
Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.
Како ермено-словенот Василиј Втори Македонецот беше Македонец, така и Цар Самоил беше бугарин за Византија- жител и владетел на териториите кои припаѓаа на темата Воулгарија.
Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.
Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26).
Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава не само Србите, туку и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).
Византискиот хроничар Михаил Псел за востанието на Петар Делјан (внукот на Цар Самоил) тврди дека тоа е востание на племето на "бугарите", а почнало во денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија, за на крај да стигне во Македонија. Крунисувањето на Петар Делјан во цар е одржано во Белград (главниот град на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгарои).
Белграѓани прикажани како Бугари со Петар Делјан, Скилица 11 век
Поради тоа, бугарските историчари сакаат да ги прикажат Самоил, неговото царство како бугарско, а Македонија како бугарска земја. Но притоа, ги испуштаат пасусите каде и србите, и црногорците, босанците и херцеговците се означени од страна на византиските историчари исто како Бугари.
Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале за Бугари т.е. географски Бугари, жители на Византиска Тема Бугарија.Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.)
Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св. Климент бил "прв епископ на бугарски јазик" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.).
Оттогаш, за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен, а бугарски јазик синоним за словенски јазик. "Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", за кое се смета дека е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: "тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), а и голем дел од Македонија и Тесалија" (Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Kлимент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171). За Грците, сите словенски народи што ги населуваат Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија за грците биле бугари и ги нарекуваа со едно име, почнувајки од 10 век.
Кај Скилица-Кедрин сосема јасно е кажано дека Охрид е столицата на темата Бугарија, но не на правата "Аемус Воулгариа" (Kedrinos II 462468.1,652).
За да ги разликуваат правите Бугари од самоиловите "бугари" т.е. жители на темата Воулгариа, од 972 г. византијците почнуваат да ги нарекуваат Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриноци од тема Парастрион. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249). И Скилица - Кедрин (11 век) исто така пишуваат за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294).