Автор Тема: ОХРИДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА И ПОДОЦНА АРХИЕПИСКОПИЈА  (Прочетена 76677 пъти)

Неактивен MAKEDONKA OD MAKEDONIJA

  • Участник
  • ***
  • Публикации: 47
  • Респект: -363
  • Предупредена от Админа
    • Ел. поща


Како што истакнав погоре, Св. Климент ја основал првата црква на средновековните Македонци. Од богатата македонска средновековна книжнина, дознаваме дека македонските словенски епископи не биле под јуриздикцијата на бугарската или цариградската патријаршија т.е. имале религиска автономија. Во ниту еден средновековен документ, македонските епископи не спомнуваат бугарски или цариградски веледостојник. По Св. Климент, имало уште 3 генерации словенски епископи од кои зачувано е името на "епископ Марко на словенскиот народ" . Уште во времето на бугарскиот кнез Борис, Македонија добила посебен статус на автономна провинција (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.), со свои кнезови и свои епископи. За тоа голема заслуга имал и Папата кој во 866 г. наредил на бугарскиот цар секој народ во Бугарија да добие своја црква и свој епископ по тнр. папско правило кое гласи:



По словеномакедонскиот епископ Марко, Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г. Прв Патријарх е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Стандард Нењс, Софиа, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Од тој запис се зачувани само делови и можат да се прочитаат имињата на следниве епархии Видинска, Кефалониска (Главенишка), Вериска, Ираклиска (Пелагониска), Скопска, Сардикиска ), Селасфорска (Деволска), Пелска и Призренска. Несомнено, епархии на Охридската Патријаршија биле и Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска, Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска. За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).

За време на патријархот Герман, во Бугарија прво го затекнал бугарскиот патријарх Дамјан, а после него доаѓа патријархот Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА). Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“, и како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква).

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора. Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата тема Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простираше во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што представува десеттина отсто од територијата на цела Бугарија. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за "бугарскиот народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од Срем, цела Србија, Косови делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија (Иван Снeгаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1. От основаването до завладяването на Балканския полуостров от турците, стр. 55-62). Од таму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а бугарскиот народ е словенскиот народ од спомнатите територии, оти покрај него, спомнува и турци Вардариоти и власи, мислејки на Романците на север од Дунав.

Како што истакнав погоре, бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите, Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА, но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија. За да го оправдаат ова смешно тврдење, од бугарите ќе слушнете дека бугарскиот архиепископ Дамјан избегал во Самоиловото Царство и таму ја пренел својата патријаршија, но археолошки е докажано дека тој останал во Силистра. Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамян“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова).

Други пак сакаат да докажат дека Бугарскиот Патријарх Глигориј и македонскиот Патријарх Герман се еден ист Патријарх, но пак е тоа една голема лага, оти Св. Глигориј е канонизиран во светец и упокоен како Митрополит Бугарски, со смалена титула од Патријарх во Митрополит од самиот Цар Самоил и македонскиот Патријарх Герман.

Охридската Архиепископија цело време од 1018 г. па се додека е под византиска јуриздикција ја носи титулата "Бугарија на цела тема Бугарија", но и вон византијската управа, кога архиепископи биле грци, за да докажат дека тоа е византиска црква со византиски титули.



Охридската Архиепископија го шири македонското име

Инаку, поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале истата како Македонска и таа всушност го ширела македонското име, кое станало синоним за словен. Така, до 17 век, во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители ПРЕДЕЛИ МАКЕДОНСКИ.

Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски „грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест ва пределех мађедонских“ (Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, (Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, završeno 27. jula 1537. g. - Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, (Praznični minej, Venecija, 11. juna 1536 - 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 - 433`. ZIN I 494.). Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу  писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по душановото царство,  своите земји ги сметаат за делови на Македонија.


 

Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник", печатан во Шкодра-Скадар од некој г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., во деловите на Македонија, во родниот град Скадар...“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).

 И учените од шопскиот крај на денешна Бугарија, ја сметале својата татковина како дел од Македонија. Во 16 век се познати двајца учени шопи Јаков Крајков „от пределех македонских“ и Јаков „от Македоние“.

Првиот, на еден печатен псалтир запишал: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син... И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.“

Вториот, во 1566 г. поговор на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. (Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88)
Првиот познат македонски книжар е Кара Трифун. Тој во Скопје во втората половина на 16-ти век во неговата „словенска книжарница“ (така стои во старите книги) ги продавал венецијанските изданија на Јаков Крајков, на Ј.Загуровиќ и други црковни книги.

Страница од Часловот на Јаков Крајков.


Страница од „Часловот“ на Јаков Крајков, „от пределех македонских, од места зовом Софија“.

Според Скаловска: „Јаков, Крајков син од Софија и Јаков од Камена Река, село под Осоговската планина се печатарски трудбеници кои работеле во една од најстарите јужнословенски печатници на Божидар Вуковиќ во втората половина на 16 век.

Неактивен MAKEDONKA OD MAKEDONIJA

  • Участник
  • ***
  • Публикации: 47
  • Респект: -363
  • Предупредена от Админа
    • Ел. поща
Re: Samoilovata tvrdina
« Отговор #1 -: Декември 09, 2007, 20:13:11 »
Najstarite istoriski podatoci na ohridskata tvrdina e spomnuvaweto od klasi~niot istori~ar Livij vo 3 vek pred n.e., koga bila tvrdina na gradot Lihnidos. Najstariot podetalen opis na tvrdinata be{e napraven od hroni~arot Malkus (Malala) i datira od 478 od n.e.

Ohridskata tvrdina na Car Samoil e opi{ana od hroni~arot kako silna upori{te koe duri i Teodorik, kral na Ostroogtite, ne mo`el da go osvoi. Ohridskata tvrdina e edna od najgolemite fortifikacii koi se so~uvani vo Republika Makedonija. So nejzinite masivni yidovi i kuli go opkru`uva celoto Ohridsko Kale. Najgorniot del od gradot bil za{titen od site strani osem od jug, na koja strana se nao|a ezeroto, so kuli i visoki yidovi 3 kilometri vo dol`ina, protegaj}i se se do pristani{teto.

Vlez vo gradot bil ovozmo`en od tri porti od koi samo gornata porta e so~uvana.

Tvrdinata vo prilog na slu`eweto kakoodbrana od neprijatelite be{e isto taka naseleno podra~je i e poznata kako Samoilova tvrdina.

Vo tekot na vladeeweto na Samoil (976-1014), i na negovite naslednici se do 1018, Ohrid bil glaven grad na prvata dr`ava na makedonskite sloveni.

Kako pred taka i po Samoilovoto vreme kako i vremeto na negovite naslednici tvrdinata bila ru{ena i povtorno gradena.

Po pretvoraweto na Samoilovata dr`ava vo politi~ko i crkovno sedi{te, Ohrid stanal srednovekoven metropolis.

Vo pismata na Teofilakt, episkop vo Ohrid, ima pove}e informacii za izgledot i `ivotot na Ohrid vo presret na krajot na 11 vek i po~etokot na 12 vek koga bil golem srednovekoven grad.

Vo yidinite imalo brojni ulici so golem broj na pove}ekatni zgradi kako i niski drveni ku}i. Gradot prodol`il da dominira pokraj negovata tvrdina, vistinski akropolis.

Se do krajot na 14 i po~etokot na 15 vek, naseleniot grad Ohrid `iveel vo gradskite yidini. Otkako bil zazemen od Osmanliskite Turci, so doa|aweto na kolonisti od Mala Azija, vo 15 vek, do{lo do ekspanzija niz poniskite delovi. Hristijanskata populacija ostanala vo gradskite yidovi. Taka kako dodatok na gradot na kaleto se sozdal i gradot na poniskite delovi okolu ridot.

Неактивен MAKEDONKA OD MAKEDONIJA

  • Участник
  • ***
  • Публикации: 47
  • Респект: -363
  • Предупредена от Админа
    • Ел. поща


Неолитско и енеолитско доба

Dolno Trnovo, materijali za gradba na praistoriska kukja (kukjen lepesh)Во Охридскиот краj познати се неолитските населби: Долно Трново-Охрид и Зластрана во селото Горно Средорече (Дебарца), како и локалитетот Кутлина во селото Велмеj (Дебарца), коj припаѓа на енеолитското доба. На бронзеното доба му припаѓаат локалитетите Лакочереско Градиште, Коселско Градиште, локалитетот Тумба каj селото Свиништа, како и ново откриената наколна населба "Плоча Мичов Град", каj полуостровот Градиште, на источниот брег од Охридското Езеро.Michov Grad

Во трите споменати неолитиски населби со испитувањата констатирано е постоење на населби, при што има остатоци од градбите, гробовите и керамика. Во Лакочереско Градиште и Коселско Градиште на површините на локалитетите пронаjдени се фрагменти од керамички садови, орудиjа од камен и коска.

Keramichki sadНаjвероjатно досега утврдените наолитски локалитети во Охридскиот краj временски му припаѓаат на IV - III милениум пред н.е.

Железно доба

Ископувањата на просторот во близината на селото Горенци, на околу 9 км. од Охрид (Сува Чешма, Три челусти и Вртуљка) дадоа некои материjали кои индицираат време од железното доба II и тоа од подоцниот период. Следеjќи го хронолошки времето на железното доба во Македониjа, во текот на VI и V век се забележуваат нови културни поjави. Овоj период е одбележан како железно доба III или време на формирање на македонскиот архаjски стил, манифестиран преку "кнежевски гробници". Споменатите гробови се откриени на некрополата "Требеништа" каj селото Горенци, а некропола од тоа време е откриена и каj селото Речица, северно од Охрид.

posmaBg.JPG (9321 bytes)posmaBg2.JPG (9754 bytes)posmaSf.JPG (11880 bytes)posmasf1.JPG (12254 bytes)

Со археолошките ископувања од 1918 , со прекини до 1972 година, откриени се вкупно 56 гробни конструкции, од кои голем дел се со богат гробен материjал.

Во текот на VI век пред н.е. на Балканот е веќе jасно формирањето и постоењето на одредени етнички групации. Во охридскиот регион се споменуваат Енхелеjците. Секако наjзначаjни се пронаjдените златни посмртни маски како прилог во богатите "кнежевски" гробови од Горенци, работени од златен лим. Тие се предмет на низа опсервации на научниот свет. Стилските одлики, односно втиснатите орнаментални мотиви, според едни се карактеристични за грчката уметност од VI век пред н.е. Според други пак станува збор за мотиви кои исклучиво се поврзуваат со македонската уметност.

Денес богатите наоди од некрополата "Требеништа" ги красат витрините на музеите во Софиjа- Бугариjа и Белград - СР Југославиjа.

Античко доба

Од времето на Филип II Македонски кога се забележани неговите навлегувања во лихнидскиот краj, културните влиjаниjа на грчко-македонскиот свет се повеќе присутни. Богатата култура оставила траги на ова тло при што пронаjдени се разновидни материjали, од мермерна пластика, преку керамички и бронзени садови, до ситен накит изработен од злато, полудраги камења и стаклена паста.

Во поново време со археолошки истражувања констатирано е дека потегот на Свети Еразмо, преку Габавци, Патерица и Козлук до Коселска Река, претставува урбанизирана целина во археологиjата позната под името "Хермелеjа". Високо на Габавскиот рид е акрополот, во неговото jугоисточно подножjе е подградието, а на источниот и западниот дел се протегаат сакралните и профаните обjекти.

Од античкиот период во околината на Охрид се откриени две некрополи. Едната сместена во Требенишкото Кале, а другата е откриена на локалитетот Црвеница каj Прентов Мост. Во првата се откриени остатоци од тврдина, со различни етапи на градба, керамички садови и 17 гробни целини. На локалитетот каj Црвеница се откриени 143 гробови од хеленистичкото време и од раниот среден век.

Пронаjдена е и една македонска гробница во просторот на Варош, стар дел на Охрид. На местото наречено Дебоj е откриена централната некропола на Лихнид и на средновековниот Охрид.

Antichki TeatarУште еден обjект е карактеристичен од ова време. Тоа е античкиот театар, сместен во Варош (Охрид), коj е граден по типот на грчките и римските театри. Првите сознаниjа за оваа монументална градба, без коjа не може да се замисли центар од античкиот период, датираат од почетокот на веков. Тогаш се откриени две релjефни плочи на кои е претставен Дионис со Музите. Првите археолошки сонди се изведени во периодот на 1959/60 година, кога се откриени девет редови од седиштата на театарот. На некои од камените седишта се запишани имињата на семеjствата кои ги закупиле тие седишта.

Театарот се протега на околу 4.000 м2. Врз основа на ископувањата кои се вршени во три наврати констатирани се местата каде што се наоѓаат влезовите и театарската зграда, оркестрата со почесните седишта и протегањето на арената.

Во ова време на тлото на Лихнид во голема мерка е присутна религиjата. Една од поинтересните фигури пронаjдени на тлото на Лихнид секако е претставата на богинката Изида-богинка на човековата судбина.

Moneta so lik na AleksandarЦелиот антички период на охридската териториjа го следат наоди на монети наоѓани случаjно и при археолошки ископувања. Во нумизматската колекциjа на Музеjот во Охрид се чуваат четири примероци на многу ретки монети ковани во градот Лихнид. Многу градови од тоа време со дозвола на македонските владетели ги користат рудниците и коваат монети. На нив вообичаен е натписот МАКЕDONWN и името на областа. Само во случаjот на Охрид стои името на градот.

Ранохристиjански период

Polikonhalna crkva 5-6 vek Polikonhalna crkva 5-6 vek (isto)

Од овоj период на тлото на Лихнид е откриена една поликонхална црква , коjа се наоѓа северно од комплексот на Климентовиот манастир. Со своjата монументалност, архитек-тонска форма и раскошни мозаици, се издига над сите откриени ранохристиjански базилики во охридскиот регион. Не се знае во чиjа чест е подигнат овоj споменик.

Fontanata na zivotot i rajskite reki Fison i Geon od krstilnicata na Polikonhalnata crkva vo Ohrid, 5 vekПоликонхалната градба била повеќе пати реконструирана. Инаку и припаѓа на градбите од типот на двоjна школка што е карактеристично за ранохристиjанската архитектура. Ваква црква била пронаjдена во дворот на Адриjановата библиотека во Атина, Грциjа. Станува збор за градби кои го карактеризираат времето на раниот Јустиниjанов период. Можно е овоj храм да бил и катедрала на лихнидските епископи.Rajskata reka Geon - od krstilnicata vo Polikonhalnata crkva vo Ohrid 5 vek

Базиликата "Студенчишта" е сместена надвор од античкиот и средновековен град, на падините на Петринска планина, на исток. Анализите упатуваат дека овоj споменик датира од краjот на V и почетокот на VI век.

Слични вакви градби се пронаjдени во стариот дел на градот, дури постоjат индиции дека и црквата Света Софиjа била подигната на ранохристиjанска црква, поради пронаjдените траги од постара архитектура. Значаjно е откривањето на ранохристиjанската базилика во непосредна близина на средновековната црква посветена на Свети Еразмо. Тоj бил првиот проповедник на христиjанската вера во овие краишта. Покраj овие пронаjдени се базилики jуго-источно од Античкиот театар и источно од црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент).

Неактивен MAKEDONKA OD MAKEDONIJA

  • Участник
  • ***
  • Публикации: 47
  • Респект: -363
  • Предупредена от Админа
    • Ел. поща
Re:ДОАЃАЊЕТО НА СЛОВЕНИТЕ
« Отговор #3 -: Декември 09, 2007, 20:19:01 »


Од почетокот на VI век Словените започнале се почесто да jа преминуваат и реката Дунав пустошеjќи ги и ограбуваjќи ги богатите византиски градови, тврдини и селски населби дури и во внатрешноста на Балканскиот Полуостров. Изворните податоци говорат дека уште во 517 година, кога на чело на Византиjа се наоѓал Анастасиj I (491-518) биле опустошени "двете Македонии и Тесалиjа од гетските (словенските) коњаници кои ограбувале дури до термопилите и Стариот Епир".

Со сигурност може да се каже дека Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Ова словенско племе заедно со останатите племиња меѓу кои биле и Драгувитите, Сагудатите и Велегизитите во втората децениjа на VII век влегло во голем словенски соjуз, на чие чело стоел водачот на овие Словени, по име Хацон.

Освен охридската област, македонското словенско племе Берзити jа колонизирало и сета териториjа коjа се простирата меѓу денешните градови Велес-Кавадарци-Прилеп-Битола и Дебар. Целата оваа териториjа византиските писатели почнале да jа нарекуваат "Склавиниjа" (Sкlabhnia).

Уште во краjот на VI и почетокот на VII век во Охридската област биле извршени коренити етнички измени. Разорениот и ограбен град Лихнид оттогаш добил чисто словенско име Охрид. Во науката се искажани повеќе мислења како Охрид го добил словенското име. Преовладува гледиштето дека името Охрид е чисто словенско , изведено од именката "хрид", рид . Самата форма Ахрида и Ахрис настанал, наjвероjатно од словенското име Охрид со замената "о>а".

Патеписците соопштуваат дека Лихнидското Езеро современиот оварварен jазик го нарекол Охридско уште во X век, во времето на царот Самуил. Во житието на Св.Наум, езерото е наречено "Бело Езеро". Овоj назив е соодветен на називот што го употребувале Грците, што значи светло езеро. Тогаш охридската област целосно влегла во "склавиниjата -Берзитиjа", коjа била управувана од независен словенски кнез. Во оваа "Склавиниjа" Византиjа немала веќе никаква власт. Во историjата на Охрид и неговата околина периодот од краjот на VI до средината на IX век се уште останува наjтемен и непроучен.

Резултатите од археолошките ископувања во Охрид говорат дека населените Словени- Берзити постепено почнале да присвоjуваат доста од затекнатата култура на староседел-ците. Напоредно со постепениот развоj на градот Охрид, во Охридскиот краj, како и во другите краишта на Македониjа, од почетокот на VII век почнала да се изградува со свои специфични белези македонската средновековна култура, коjа добила афирмациjа во X век кога била создадена Македонската средновековна држава. Сите факти говорат дека како политичкото, така и културното влиjание на Византиjа во Охридскиот краj, од краjот на VI век, престанало да деjствува.
NAGORE

Неактивен vekil

  • Академик
  • *****
  • Публикации: 926
  • Респект: 29
    • Ел. поща
Re: ОХРИДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА И ПОДОЦНА АРХИЕПИСКОПИЈА
« Отговор #4 -: Февруари 06, 2008, 20:59:09 »


Како што истакнав погоре, Св. Климент ја основал првата црква на средновековните Македонци. Од богатата македонска средновековна книжнина, дознаваме дека македонските словенски епископи не биле под јуриздикцијата на бугарската или цариградската патријаршија т.е. имале религиска автономија. Во ниту еден средновековен документ, македонските епископи не спомнуваат бугарски или цариградски веледостојник. По Св. Климент, имало уште 3 генерации словенски епископи од кои зачувано е името на "епископ Марко на словенскиот народ" . Уште во времето на бугарскиот кнез Борис, Македонија добила посебен статус на автономна провинција (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.), со свои кнезови и свои епископи. За тоа голема заслуга имал и Папата кој во 866 г. наредил на бугарскиот цар секој народ во Бугарија да добие своја црква и свој епископ по тнр. папско правило кое гласи:



По словеномакедонскиот епископ Марко, Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г. Прв Патријарх е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Стандард Нењс, Софиа, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Од тој запис се зачувани само делови и можат да се прочитаат имињата на следниве епархии Видинска, Кефалониска (Главенишка), Вериска, Ираклиска (Пелагониска), Скопска, Сардикиска ), Селасфорска (Деволска), Пелска и Призренска. Несомнено, епархии на Охридската Патријаршија биле и Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска, Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска. За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).

За време на патријархот Герман, во Бугарија прво го затекнал бугарскиот патријарх Дамјан, а после него доаѓа патријархот Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА). Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“, и како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква).

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора. Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата тема Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простираше во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што представува десеттина отсто од територијата на цела Бугарија. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за "бугарскиот народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од Срем, цела Србија, Косови делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија (Иван Снeгаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1. От основаването до завладяването на Балканския полуостров от турците, стр. 55-62). Од таму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а бугарскиот народ е словенскиот народ од спомнатите територии, оти покрај него, спомнува и турци Вардариоти и власи, мислејки на Романците на север од Дунав.

Како што истакнав погоре, бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите, Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА, но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија. За да го оправдаат ова смешно тврдење, од бугарите ќе слушнете дека бугарскиот архиепископ Дамјан избегал во Самоиловото Царство и таму ја пренел својата патријаршија, но археолошки е докажано дека тој останал во Силистра. Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамян“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова).

Други пак сакаат да докажат дека Бугарскиот Патријарх Глигориј и македонскиот Патријарх Герман се еден ист Патријарх, но пак е тоа една голема лага, оти Св. Глигориј е канонизиран во светец и упокоен како Митрополит Бугарски, со смалена титула од Патријарх во Митрополит од самиот Цар Самоил и македонскиот Патријарх Герман.

Охридската Архиепископија цело време од 1018 г. па се додека е под византиска јуриздикција ја носи титулата "Бугарија на цела тема Бугарија", но и вон византијската управа, кога архиепископи биле грци, за да докажат дека тоа е византиска црква со византиски титули.



Охридската Архиепископија го шири македонското име

Инаку, поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале истата како Македонска и таа всушност го ширела македонското име, кое станало синоним за словен. Така, до 17 век, во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители ПРЕДЕЛИ МАКЕДОНСКИ.

Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски „грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест ва пределех мађедонских“ (Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, (Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, završeno 27. jula 1537. g. - Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, (Praznični minej, Venecija, 11. juna 1536 - 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 - 433`. ZIN I 494.). Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу  писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по душановото царство,  своите земји ги сметаат за делови на Македонија.


 

Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник", печатан во Шкодра-Скадар од некој г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., во деловите на Македонија, во родниот град Скадар...“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).

 И учените од шопскиот крај на денешна Бугарија, ја сметале својата татковина како дел од Македонија. Во 16 век се познати двајца учени шопи Јаков Крајков „от пределех македонских“ и Јаков „от Македоние“.

Првиот, на еден печатен псалтир запишал: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син... И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.“

Вториот, во 1566 г. поговор на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. (Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88)
Првиот познат македонски книжар е Кара Трифун. Тој во Скопје во втората половина на 16-ти век во неговата „словенска книжарница“ (така стои во старите книги) ги продавал венецијанските изданија на Јаков Крајков, на Ј.Загуровиќ и други црковни книги.

Страница од Часловот на Јаков Крајков.


Страница од „Часловот“ на Јаков Крајков, „от пределех македонских, од места зовом Софија“.

Според Скаловска: „Јаков, Крајков син од Софија и Јаков од Камена Река, село под Осоговската планина се печатарски трудбеници кои работеле во една од најстарите јужнословенски печатници на Божидар Вуковиќ во втората половина на 16 век.
Свети Климентовия гроб е бил намерен в Крим от св. Кирил..Информирали са го местните арменски и ванандски християни.Прима Юстинияна на която постоянно се позоваваш е признание на никополския епископ Вулфила или Улфила който е християнски пастир на готи, гети, беси ивсичко друго но не и на гърци или македонци.
По късно един охридски епископ се позовава на същия едикт за да защити архиепископски сан.Как ли му е името ...
По втория абзац - Царете нямат право да въздигат в патриаршески сан, още повече Самойло. Българския патриарх Дамян последно е пребивавал в охрид и оттам му се губят дирите. Подчинените епархии на охридската Архиепископия(Прима Юстинияна булгарорум) могат да се видят подробно в два три едикта на Василий 2 религиозната законност е съмнителна .Още повече папската юрисдикция основана на един световно известен и световно признат фалшификат.Няма да ви кажа кой.
Самойло я заграбил круната от Преслав.
От тук нататък си права.Самойло е управител от местна величина който се опитва да се легализира като владетел на цялата Българска империя по всички съвременни му  юридически начини.Но е бил прост провинциалист, още повече нелоялен към Преслав. Все пак е убил единия престолонаследник, и предал другия в битка. Василий втори си е играл с него като котка с мишка. Както България не е можела да вземе Константинопол политически(както и латините, както и русия 1878, както и България 1913, така и Василий втори не е можел да превземе България политически. Затова е играта със самойло, и изтупани от праха църковни диоцези.

И въобще личната ми библиотека е близо 1500 книги и съм имал достъп до много по големи библиотеки от скопските така че не ми играй с цитати извадени от контекста, 
и не подбирай информация прилягаща на  тезата а се подготви и коментирай от първо лице ед. ч. и конкретна обосновка. Дотук не демонстрираш никакви нови неизвестни извори и факти, единствено съм респектиран от нетрадиционното тълкувание.Бих искал да не е подчинено на предварително заключение. И при валонците не всичко е ясно да не говорим за уелс, скотиш, ириш, баски и т.н. За Русия да не говорим. С Китай не съм запознат а за Сащ въобще да не говорим(щото май има много общо с Русия)Има неопровергани данни че патриарх Дамян е бил в Средец.Ми то и св. Сава е умрял в Търново като е идвал при шефа ама никой не го тълкува че в Търново е столицата на православния славянски свят.Да не говорим за ромите, македонците, коптите и бохемците.Още от надписа на Тервел на мадарската стела става ясно че има някакво несъгласие, противоречие, ако продължа по македонски с полет на въображението -съперничество. Подумайте.


« Последна редакция: Февруари 06, 2008, 22:22:00 от vekil »

 

БГ История не носи отговорност за достоверността на публикуваните материали. Целта на проекта е да популяризира историята като наука и в частност българската история. Ако някой види авторски свой материал, публикуван в сайта без да бъде упоменат източника, моля, нека се свърже с администраторите на сайта.